Претседателот на Врховниот суд се обрати на Меѓународната судска конференција за независноста на судството [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателот на Врховниот суд се обрати на Меѓународната судска конференција за независноста на судството

Настани, Новости  |  04.11.2022
Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, се обрати на Меѓународната судска конференција за независноста на судството во организација на Здружението на судии и Амбасадата на САД во Република Северна Македонија и во соработкa со CEELI Институтот од Прага.

 

На Конференцијата се говореше за судството во рамките на преговорите за пристапување во ЕУ, за надворешните влијанија во судството, за најдобрите практики во борбата против корупцијата и за судискиот интегритет.

Претседателката Адеми во своето обраќање истакна дека самостојноста на судството е услов за владеењето на правото, но воедно претставува и услов за остварувањето на европските перспективи.

Само независното судство ослободено од секакви притисоци и влијанија може да има свој дигнитет, углед и интегритет. Интегритетот на судиите е најсилната гаранција за правично судење, но и најефикасниот начин за борба против корупцијата. Нам ни е потребна општествена кохабитација за судството во која ќе бидат потенцирани европските вредности кон кои целиме како држава“, истакна Адеми, воедно нагласувајќи го значењето на судската солидарност во таа насока.

Претседателката на Врховниот суд, исто така, нагласи дека е потребна поинтензивна соработка помеѓу сите надлежни институции во поглед на остварувањето на стандардите од Поглавјето 23 и дека е потребна поголема инклузивност во реформските процеси, на што укажува и новиот Извештај на Европската Унија.

Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе продолжи со напорите за исполнување на европските стандарди. Позитивната оценка на Европската унија за работата на Врховниот суд претставува големо охрабрување за нас“, додаде Адеми.

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_