Заедничка средба со апелационите судови на тема воедначување на примена на законите и судската практика [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Заедничка средба со апелационите судови на тема воедначување на примена на законите и судската практика

Новости  |  08.3.2019
Во Врховниот суд на Република Северна Македонија на 07 март 2019 година, се одржа заедничка работна средба на Врховниот суд на Република Северна Македонија и апелационите судови на тема воедначување на примена на законите и судската практика „Концепт за работа и усогласување“.

 

Со средбата раководеше претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, а присутни беа и претседателот и судиите на Одделот за судска практика на овој суд, како и претседателите и судии на апелационите судови. На средбата учество земаа и претседателот на Врховниот суд на Република Хрватска, г-дин Ѓуро Сесса, во својство на меѓународен експерт и консултант за Врховниот суд на Република Северна Македонија и г-дин Жарко Хаџи-Зафиров, претставник од Центарот за правни истражувања и анализи.

Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, истакна дека идејата за одржување на ваков вид на работни средби е резултат на соработката со г-дин Сесса, меѓународен експерт и консултант за Врховниот суд на Република Северна Македонија, избран преку механизмот на експертска координација, кој се спроведува во рамките на проектот на Европската Унија во соработка со Совет на Европа, за хоризонтална поддршка на земјите од Западен Балкан и Турција. Доследна и предвидлива судска практика е предуслов за владеење на правото и правната сигурност и особено важна за зголемување на довербата на граѓаните во работењето на судскиот систем. Од тие причини, предвидено е зајакнување на соработката помеѓу судовите која ќе се реализира преку одржување на редовни работни средби со цел утврдување на заклучоци по однос на спорни правни прашања.

На првата заедничка средба се дискутираше за конкретни прашања од областа на граѓанското право за кои се јавува различна практика во постапувањето на судовите, а со цел хармонизирање и усогласување на ставовите. Утврден е еден заклучок, кој ќе биде објавен на веб страната на Врховниот суд на Република Северна Македонија. За дел од прашањата ќе продолжи дискусијата на следната работна средба, која ќе се одржи на 13-15 март, 2019 година во Битола.

Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, истакна дека во иднина редовно ќе се одржуваат вакви средби, со цел да се утврдуваат заклучоци кои треба да служат како насоки за пониските судови, со цел подобрување на конзистентноста на судската практика во сите судови.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_