Врховниот суд утврди Начелен став за акредитациите на медиумите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Врховниот суд утврди Начелен став за акредитациите на медиумите

Новости  |  14.7.2023
Врховниот суд на Република Северна Македонија на денешната Општа седница утврди Начелен став за акредитациите на медиумите во врска со одобренијата за снимање и фотографирање.

 

Со утврдениот Начелен став се решава прашањето за различната судска практика за дадените одобренија за снимање или фотографирање по конкретен предмет, а во врска со примената на член 360 од Законот за кривичната постапка и член 105 од Судскиот деловник.

Даденото одобрение од страна на Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија за снимање или фотографирање по конкретен предмет е со важност од денот на даденото одобрение до завршување на расправата по предметот“, гласи утврдениот Начелен став.

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, која го подготви и предложи Начелниот став, истакна дека со Начелниот став ќе се инкорпорираат принципот на правна сигурност и принципот на транспарентност, а со цел да се обезбеди доследно применување на законските одредби, но и олеснето работење на медиумите.

Утврдувањето на Начелниот став произлезе од интензивната соработка и комуникација на Врховниот суд со Судско-медиумскиот совет во рамки на која беа детектирани проблемите кои произлегуваат од постоењето на различната судска практика и кои го отежнуваат работењето на медиумите.

Воедно, Начелниот став е заснован и на заложбите на Советот за отворено судство чија цел е унапредување на транспарентноста на судовите и доследно применување на начелото на јавност како еден од клучните фактори за владеењето на правото.

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_