Соопштение за јавност [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за јавност

Соопштенија за јавност  |  18.3.2021
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија г-ѓа Беса Адеми оствари прва протоколарна средба со шефот на делгацијата на Европската унија Амбасадорот David Geer.

На почетокот на средбата од страна на Амбасадорот Geer беа упатени срдечни честитки за изборот за Претседател на највисокиот суд во државата.

Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија го запозна Амбасадорот за приоритетни заложби по преземањето на одговорната претседателска функција во насока на враќање на довербата на граѓаните во судскиот систем, обезбедување на материјална и финансиска самостојност во работењето на Врховниот суд и останатите судови во судскиот систем, за целосно остварување на независноста на судството согласно Уставниот принцип за поделба на власта во општеството.

На средбата стана збор за исполнување на обврските од стратегијата за реформа на судскиот систем и од поглавјата 23 и 24 во процесот на пристапување и отпочнување на преговорите за интеграција на земјата во европското семејство.

На крајот на средбата беше изразена заедничка заложба за идна, плодна соработка во градењето на независен, квалитетен и ефикасен судски систем со почитување на основните вредности на Европската унија за владеење на правото и почитувањето на човековите слободи и права.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_