Меморандум за формирање на Координативно тело за следење на конзистентноста и подобрување на легислативата [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Меморандум за формирање на Координативно тело за следење на конзистентноста и подобрување на легислативата

Новости  |  03.3.2020
Во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија на 2 март 2020 година, од страна на ВД претседателот на Врховниот суд, м-р Фаик Арслани, претседателот на Вишиот управен суд и претседателите на апелационите судови, се потпиша Меморандум за формирање на Координативно тело за следење на конзистентноста и подобрување на легислативата.

Целта на овој Меморандум е формирање на Координативно тело за следење на конзистентноста и подобрување на легислативата од страна на високите судови во функција на изнаоѓање решенија за поефикасна и ефективна легислатива и воедначување на примената на законите.

Потпишувањето на Меморандумот за соработка како и активностите поврзани со реализација на неговите цели се поддржани од програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Северна Македонија“ која е имплементирана од Центарот за правни истражувања и анализи и е финансирана од Британската амбасада Скопје.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_