Соопштение во врска со казнената политика на судовите за кривичните дела од областа на сообраќајот [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение во врска со казнената политика на судовите за кривичните дела од областа на сообраќајот

Новости, Соопштенија за јавност  |  10.8.2023
Потребен е поунифициран и посистематичен пристап при постапувањето и одлучување за кривичните дела од областа на сообраќајот

       

 

Врховниот суд на Република Северна Македонија на сопствена иницијатива, но и по поднесени дописи од страна на Судскиот совет на Република Северна Македонија, во повеќе наврати го разгледувал прашањето за казнената политика на судовите за кривичните дела од областа на сообраќајот.

На барање на Претседателот на Врховниот суд во согласност со Законот за судовите и Деловникот за работа на Врховниот суд, Одделот за казниви дела и Одделот за судска практика донесе заклучоци и предлози за конкретното правно прашање, за кои уредно е известен Судскиот совет и тоа со дописи од 10.12. 2021 година и од 9.5.2022 година.

Ставот на Врховниот суд врз основа на овие заклучоци е дека потребен е поунифициран и посистематичен пристап при постапувањето и одлучување за кривичните дела од областа на сообраќајот, како и соодветни измени на Кривичниот законик.

Воедначувањето на судската практика Врховниот суд го остварува само во постапка предвидена со закон. Можноста за воедначување на судската практика во однос на ова правно прашање е ограничена во овој стадиум на постапување пред Врховниот суд на Република Северна Македонија со оглед дека секој предмет има свои особености и ниту еден предмет не може да се стави во корелација со друг предмет.

Во поглед на директната интервенција во казнената политика за кривичните дела од областа на сообраќајот, Врховниот суд појаснува дека може да интервенира во одлуката за казна само кога постои законска можност, односно во жалбена постапка, додека по вонреден правен лек нема законска надлежност да интеревенира во изречена кривична санкција доколку истата е одмерена во законски пропишаните граници.

 

 

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_