Прва протоколарна средба на претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија со амбасадорот на Република Франција [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Прва протоколарна средба на претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија со амбасадорот на Република Франција

Соопштенија за јавност  |  28.9.2022

 

Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми и амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија, г. Сирил Бомгартнер, остварија прва протоколарна средба во Врховниот суд на Република Северна Македонија.

На средбата присуствуваa и г. Ив Гунен, член на Државниот совет на Франција, Цветанка Периќ, претседател на Одделот за казниви дела и Лидија Таневска – Јадровска, шеф на кабинетот на претседателот на Врховниот суд.

На почетокот на средбата се разговараше за надлежноста и внатрешната организација на Врховниот суд на Република Северна Македонија и за главните предизвици со кои се соочува судот во вршењето на својата функција како највисок суд во Републиката.

Претседателот на Врховниот суд истакна дека највисокиот суд во државата одлучува по вонредните правни лекови во судските постапки и перманентно е одговорен за унапредување на судската пракса во обезбедувањето единствена примена на законите од страна на судовите.

Во таа насока, на средбата беше потенцирано дека од посебно значење за афирмација на независното и самостојно судство е и улогата на Врховниот суд во меѓународната соработка.

Амбасадорот на Франција, г. Сирил Бомгартнер и членот на Државниот совет на Франција, г. Ив Гуен, упатија официјална покана за членство на Врховниот суд на Република Северна Македонија во Меѓународната асоцијација на врховни судови и државни совети.

Унапредувањето на меѓународната и на взаемната соработката има суштински придонес за зајакнувањето на независноста на судството и за воспоставувањето на уште подобри и поквалитетни односи помеѓу судските системи во двете држави“, беше истакнато на средбата.

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_