Студентите по право и членови на ЕЛСА во институционална посета на Врховниот суд [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Студентите по право и членови на ЕЛСА во институционална посета на Врховниот суд

Новости  |  13.4.2023
На ден 12.04.2023 година институционална посета на Врховниот суд на Република Северна Македонија остварија студентите по право и членови на Европското здружение на студенти по право (ЕЛСА).

 

Студентите по право имаа можност непосредно да се запознаат со работата и функционирањето на највисокиот суд во државата, со новиот Деловник за работа на Врховниот суд, со уставните и со законските надлежности на Судот, со Советот за отворено судство, како  и со постапката за утврдување на начелните ставови и правни мислења кои се од особена важност за правното резонирање и аргументација.

Во рамки на посетата, студентите разговараа со претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, која ги запозна  со работата и активностите на Врховниот суд во поглед на унапредената ефикасност, транспарентност и примена на стандардите на Европскиот суд за човековите права.

На прашања од студентите, претседателката на Врховниот суд говореше за карактеристиките кои треба да ги поседува еден судија од аспект на неговата независност, стручност, непристрасност, професионалност, етика и личен интегритет.

Адеми упати порака до студентите да посветат многу труд, љубов и енергија во изучувањето на правото бидејќи токму тие како идни правници ќе ја претставуваат новата генерација во правосудството.

Студените истакнаа дека посетата на Врховниот суд била многу едукативна и инспиративна за почетоците на нивната правничка кариера, нагласувајќи дека од големо значење е што Врховниот суд континуирано соработува со академската заедница и што е отворен за стручната и пошироката јавност.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_