Средба на Претседателот на ВСРСМ Беса Адеми и Шефот на Делегацијата на ЕУ во РСМ, Aмбасадорот Дејвид Гир [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба на Претседателот на ВСРСМ Беса Адеми и Шефот на Делегацијата на ЕУ во РСМ, Aмбасадорот Дејвид Гир

Новости  |  20.10.2021
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија Беса Адеми оствари средба со Амбасадорот Дејвид Гир, Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, на која официјално и беше предаден Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија во 2021 година.

 

За време на средбата се разменија мислења и се дискутираше за главните точки споменати во Извештајот по однос на поглавјето 23 во делот за судството и владеењето на правото во насока на надминување на детектираните слабости и унапредување на состојбите во судството.

Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија искажа благодарност за официјалното предавање на Извештајот во Врховниот суд на Република Северна Македонија и за конструктивните забелешки во истиот. Воедно истакна дека Врховниот суд на Република Северна Македонија превзема активности во насока на подобрување на независноста на судството, владеењето на правото и подобрување на конзистентноста на судските пресуди и хармонизирање на судските практики.

На средбата, се констатираше дека е неопходно во наредниот период да продолжи заедничкиот дијалог за приоритетни реформски чекори за постојано зајакнување на независен, квалитетен и ефикасен судски систем со почитување на основните вредности на Европската Унија за владеење на правото и почитувањето на човековите слободи и права.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_