Соопштение за јавност [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за јавност

Соопштенија за јавност  |  10.7.2020
На 09 јули 2020 година, ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, м-р Фаик Арслани и претседателите на одделите во Врховниот суд на Република Северна Македонија остварија средба со претставници од Центарот за правни истражувања и анализи и експерти на проектот „Поддршка на Судскиот совет во воспоставување на квалитетен систем за оценување на судии“, во координација со проектот „Поддршка на реформите во правосудниот сектор“.

На средбата се дискутираше за процесот на подготовка на Методологија со индикатори за сложеност на судските предметите во рамки на проектот „Поддршка на Судскиот совет во воспоставување на квалитетен систем за оценување на судии“, поддржан од Амбасадата на Кралството холандија, а имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), во координација со проектот „Поддршка на реформите во правосудниот сектор“, финансиран во рамките на ИПА програмата на Европската Унија. Претставниците од Центарот и ескпертите го елаборираа пристапот за утврдување на сложеност на предметите и се анализираа добиените резултати од консултативниот процес во кој беа вклучени судиите од сите инстанци.

На крајот од средбата се искажа благодарност за досегашната соработка помеѓу Врховниот суд на Република Северна Македонија и Центарот за правни истражувања и анализи.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_