Средба со Ана Зец, шеф на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба со Ана Зец, шеф на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје

Новости  |  29.8.2019
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, на 27 август 2019 година, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, оствари средба со г-а Ана Зец, шеф на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје.

На средбата се дискутираше за тековните проекти кои Совет на Европа ги спроведува во Северна Македонија и регионот, со цел поддршка на реформските процеси во областите на владеењето на правото, демократијата и човековите права, утврдување на областите каде што се потребни подобрувања во законодавството и воопшто подобрување на националните капацитети.

Претседателот Вангеловски ја реафирмираше поддршката од Врховниот суд на Република Северна Македонија во остварување на наведените цели, потенцирајќи дека со учество на сите фактори во државата има надеж за подобрување на состојбите и во судството.

Соговорниците изразија благодарност за досегашната соработка, која се очекува да продолжи и во иднина.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_