Потпишан меморандум за соработка помеѓу Врховниот суд на Република Македонија и ЈП Службен весник на Република Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Врховниот суд на Република Македонија и ЈП Службен весник на Република Македонија

Известувања  |  21.12.2018
Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски и Директорот на ЈП Службен весник на Република Македонија, Мартин Костовски, на ден 20 декември 2018 година, потпишаа Меморандум за соработка со цел поврзување на информациските системи на двете институции, во делот на доставата на огласите кои судовите ги објавуваат во службеното гласило.

 

Со потпишувањето на овој Меморандум се зајакнува меѓусебната соработка и се олеснува автоматската размена на податоци во електронска форма помеѓу двете институции, со цел да се овозможи интеграција на АКМИС системот со информатичкиот систем на јавното претпријатие за подготовка на службеното гласило „Службен весник на Република Македонија“.

Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски изрази задоволство од досегашната соработка со ЈП Службен весник на Република Македонија. При тоа, потенцираше дека соработката може да се продлабочува и во иднина со нови заеднички проекти кои би биле од корист за судовите, но и за стручната и пошироката јавност.


 


 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_