Општи податоци (надлежности и историјат) [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Општи податоци (надлежности и историјат)

 

 

 

Врховниот суд на Република Северна Македонија е највисок суд во државата и го обезбедува единството во примената на законите од страна на судовите. Врховниот суд ја врши судската власт на целата територија на Републиката и има седиште во Скопје.

 

            Надлежност:

 

- решава во втор степен против одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон;

- решава во трет и последен степен по жалбите против одлуките на апелационите судови;

- решава по вонредни правни лекови против правосилните одлуки на судовите и одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон;

- решава за судир на надлежност меѓу основните судови од подрачјето на различни апелациони судови, судир на надлежност меѓу апелациони судови, судир на надлежност меѓу Управниот суд и друг суд, судир на надлежност меѓу Вишиот управен суд и друг суд и решава за пренесување на месна надлежност кај овие судови;

- одлучува по барање на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок, во постапка утврдена со закон пред судовите во Република Северна Македонија во согласност со правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за човекови права и основни слободи и тргнувајќи од судската пракса на Европскиот суд за човекови права и

- врши други работи определени со закон.

 

Во Врховниот суд на Република Северна Македонија се формирани четири судски оддели:

 

  • Оддел за казниви дела,
  • Оддел за граѓански дела,
  • Оддел за судење во разумен рок и
  • Оддел за судска практика.

 

Работите од својата надлежност, Врховниот суд на Република Северна Македонија ги извршува преку:

 

  • советите,
  • седницата на одделите,
  • заедничката седница на одделите,
  • седницата на судиите и
  • општата седница.

 

Врховниот суд на Република Северна Македонија на општа седница:

 

 - утврдува начелни ставови и начелни правни мислења по прашања од значење за обезбедување на единството со примената на законите од страна на судовите во рок од три месеци, но не подолго од шест месеци по сопствена иницијатива или по иницијатива на претседател на суд или по иницијатива на седниците на судиите или судските оддели од судовите или по иницијатива на адвокати и ги објавува на веб страницата на Врховниот суд,

- дава мислења по предлози на закони и други прописи кога со нив се уредуваат прашања од значење за работата на судовите,

- разгледува прашања во врска со работата на судовите, примената на законите и судската практика,

- донесува деловник за својата работа,

- донесува програма за работа на судот,

- поднесува предлог до Судскиот совет на Република Северна Македонија за времено упатување на судија во друг суд,

- донесува кодекс на судиска етика за судиите и судиите поротници, на предлог на здружението на судии,

- може да поднесе барање за поведување на постапка за утврдување на одговорност на

судија или претседател на суд,

- поднесува иницијатива за поведување на постапка пред Судскиот совет на Република

Северна Македонија за утврдување на трајно загубена способност за вршење судиска функција,

- именува членови на Советот за одлучување по жалба против одлука донесена од Судскиот совет на Република Северна Македонија, согласно со закон,

- решава по барања за заштита на законитоста против одлуките на своите совети,

- одлучува по барање за изземање на претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија,

- го разгледува извештајот за својата работа и извештаите за работата на судовите во Република Северна Македонија од аспект на ажурноста и квалитетот на работата, донесува заклучоци по нив и одговорен е да го следи нивното спроведување и

- врши и други работи утврдени со закон.

(2) Начелните ставови и начелните правни мислења што ги утврдува Врховниот суд на  општа седница се задолжителни за сите совети на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

(3) Утврдените начелни ставови и правни мислења по прашања од значење за обезбедување на единство во примената на законите од страна на судовите Врховниот суд задолжително ги објавува на веб страницата.

(4) Врховниот суд на Република Северна Македонија доставува Годишен извештај за својата работа, до Судскиот совет на Република Северна Македонија најдоцна до крајот на февруари тековната година за претходната година.

 

 

 

Закон за судовите (Сл.весник на РМ бр.58/2006)

Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РМ бр.35/08)

Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РМ бр.150/10)

Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РМ бр.83/18)

Законот за дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РМ бр.198/18)

Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РСМ бр.96/19)

 

ИСТОРИЈАТ

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести