Внатрешна организација [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Внатрешна организација

Организацијата на работата во Врховниот суд според според Законот за судови (сл.весник бр.58/06) и Законот за изменување и дополнување на Законот за судови (сл.весник бр.35/08)

 

Организацијата на работата во Врховниот суд се одвива согласно со Законот за судовите, Законот за изменување и дополнување на Законот за судови, Судскиот деловник и Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Македонија. Работите од својата надлежност, утврдена со Уставот и законите, Врховниот суд ги извршува преку совети од три и пет судии, седница на оддели, заедничка седница на оддели, седница на судии и Општа седница.
Во Врховниот суд се основани четири судски оддели (Оддел за казниви дела, Оддел за граѓански дела, Оддел за судење во разумен рок и Оддел за судска пракса.

Во надлежност на судиите од Одделот за казниви дела е постапувањето и одлучувањето по предметите за кривични дела и други казниви дела.
Во надлежност на судиите од Одделот за граѓански дела е постапувањето и одлучувањето по предметите во споровите од личните и семејните односи, работните односи, како и од имотните и другите граѓанско правни односи на физичките и правните лица.

Во надлежност на судиите од Одделот за судење во разумен рок е постапувањето и одлучувањето по барањата на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок согласно правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за човекови права и основни слободни и тргнувајќи од судската пракса на Европскиот суд на човекови права.

Во надлежност на Одделот за судска пракса е одлучување за кои одлуки ќе се изработат сентенци кои ќе бидат основа за градење на судската пракса во Република Македонија.

Со годишниот распоред за работа на судот, што го донесува претседателот по претходно мислење на седницата на судии, се врши распоред на судиите по оддели и по совети, се определуваат претседатели на оддели и судија што го заменува претседателот.

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • Средба со претставници од Центарот за правни истражувања и анализи

    Новости  | 16.7.2019
    Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски на 15 јули 2019 година, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, оствари средба со г-дин Жарко Хаџи-Зафиров и г-а Милена Арсова, претставници од Центарот за правни истражувања и анализи и г-а Елена Готовска, претставник од компанијата PwC. На средбата присуствуваше и судија Николчо Николовски, како и членови на кабинетот на претседателот. [повеќе]
  • Средба со aмбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија

    Новости  | 15.7.2019
    Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски на 12 јули 2019 година, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, оствари средба со Н.Е. г-дин Емилио Лоренцо Сера, амбасадор на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија. [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ

    Известувања  | 11.7.2019
    Во врска со известувањето објавено од Државната комисија за спречување на корупцијата на 10 јули 2019 година, ја известуваме јавноста дека Врховниот суд на Република Северна Македонија постапува согласно уставните и законските надлежности, применувајќи ги притоа Уставот на Република Северна Македонија, законите, меѓународните ратификувани договори, како и праксата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. [повеќе]

Сите вести