Внатрешна организација [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Внатрешна организација

Организацијата на работата во Врховниот суд според според Законот за судови (сл.весник бр.58/06) и Законот за изменување и дополнување на Законот за судови (сл.весник бр.35/08)

 

Организацијата на работата во Врховниот суд се одвива согласно со Законот за судовите, Законот за изменување и дополнување на Законот за судови, Судскиот деловник и Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Македонија. Работите од својата надлежност, утврдена со Уставот и законите, Врховниот суд ги извршува преку совети од три и пет судии, седница на оддели, заедничка седница на оддели, седница на судии и Општа седница.
Во Врховниот суд се основани четири судски оддели (Оддел за казниви дела, Оддел за граѓански дела, Оддел за судење во разумен рок и Оддел за судска пракса.

Во надлежност на судиите од Одделот за казниви дела е постапувањето и одлучувањето по предметите за кривични дела и други казниви дела.
Во надлежност на судиите од Одделот за граѓански дела е постапувањето и одлучувањето по предметите во споровите од личните и семејните односи, работните односи, како и од имотните и другите граѓанско правни односи на физичките и правните лица.

Во надлежност на судиите од Одделот за судење во разумен рок е постапувањето и одлучувањето по барањата на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок согласно правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за човекови права и основни слободни и тргнувајќи од судската пракса на Европскиот суд на човекови права.

Во надлежност на Одделот за судска пракса е одлучување за кои одлуки ќе се изработат сентенци кои ќе бидат основа за градење на судската пракса во Република Македонија.

Со годишниот распоред за работа на судот, што го донесува претседателот по претходно мислење на седницата на судии, се врши распоред на судиите по оддели и по совети, се определуваат претседатели на оддели и судија што го заменува претседателот.

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • Соопштение за јавен оглас број 1/2020

    Новости  | 20.2.2020
    Ве известуваме дека постапка за вработување на 5 (пет) лица на определено време во Врховен суд на Република Северна Македонија, по оглас број 1/2020 се става во мирување, поради донесено Решение од Претседателот на Собранието на Република Македонија со број 09-1422/2 на 16.02.2020 година за распишување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. [повеќе]
  • ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2020

    Новости  | 12.2.2020
    Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи (“Службен весник на РМ” бр.74/15 и бр.120/18), како и член 59 и 60 од Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Врховниот суд на Република Македонија 03Су.бр.893/18 од 12.12.2018 година и согласност од Министерство за финансии бр.18-12242/2 од 31.12.2019 година [повеќе]
  • Средба со амбасадорот на САД во Република Северна Македонија

    Новости  | 24.1.2020
    ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, м-р Фаик Арслани, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија на 21 јануари 2020 година, оствари средба со амбасадорот на САД во Република Северна Македонија, НЕ Кејт Мари Брнс, која беше придружувана од г-а Дајана Палеквин, политички советник и г-а Кристина Каранакова, политички аналитичар. [повеќе]

Сите вести