Внатрешна организација [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Внатрешна организација

Организацијата на работата во Врховниот суд според според Законот за судови (сл.весник бр.58/06) и Законот за изменување и дополнување на Законот за судови (сл.весник бр.35/08)

 

Организацијата на работата во Врховниот суд се одвива согласно со Законот за судовите, Законот за изменување и дополнување на Законот за судови, Судскиот деловник и Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Македонија. Работите од својата надлежност, утврдена со Уставот и законите, Врховниот суд ги извршува преку совети од три и пет судии, седница на оддели, заедничка седница на оддели, седница на судии и Општа седница.
Во Врховниот суд се основани четири судски оддели (Оддел за казниви дела, Оддел за граѓански дела, Оддел за судење во разумен рок и Оддел за судска пракса.

Во надлежност на судиите од Одделот за казниви дела е постапувањето и одлучувањето по предметите за кривични дела и други казниви дела.
Во надлежност на судиите од Одделот за граѓански дела е постапувањето и одлучувањето по предметите во споровите од личните и семејните односи, работните односи, како и од имотните и другите граѓанско правни односи на физичките и правните лица.

Во надлежност на судиите од Одделот за судење во разумен рок е постапувањето и одлучувањето по барањата на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок согласно правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за човекови права и основни слободни и тргнувајќи од судската пракса на Европскиот суд на човекови права.

Во надлежност на Одделот за судска пракса е одлучување за кои одлуки ќе се изработат сентенци кои ќе бидат основа за градење на судската пракса во Република Македонија.

Со годишниот распоред за работа на судот, што го донесува претседателот по претходно мислење на седницата на судии, се врши распоред на судиите по оддели и по совети, се определуваат претседатели на оддели и судија што го заменува претседателот.

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • СООПШТЕНИЕ

    Известувања  | 12.2.2019
    Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, на 12 февруари 2019 година, оствари средба со претседателите на сите судови во Република Македонија. На средбата беа присутни и претседателот на Судскиот буџетски совет, г-н Зоран Караџовски и претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, д-р Џемали Саити. [повеќе]
  • Средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија

    Известувања  | 08.2.2019
    Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, на 08.02.2019 година, во просториите на Врховниот суд на Република Македонија, оствари средба со Н.Е. г-ѓа Кеико Ханеда, амбасадор на Јапонија во Република Македонија. [повеќе]
  • Конечна ранг листа

    Новости  | 07.2.2019
    Конечна ранг листа по Оглас бр.2/2018 за вработување на судски службеници. [повеќе]

Сите вести