За судиите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

За судиите

Судии

Претседател

CV на Претседател

Судија Јово Вангеловски

Име и презиме:
Јово Вангеловски
Година на избор:
2017
Област на која работи судијата:
Оддел за казниви дела - Претседател на оддел и Оддел за судска практика

Образование:

Роден на 01.02.1960 година во Скопје Националност: Македонец

Податоци за образование: Дипломирал на Правниот факултет во Скопје 15.11.1982 година

Правосудниот испит го положил на 13.04.1983 година

Работно искуство:

Професионално искуство: Од 1 февруари 1983 до 31 август 1986 година работи како стручен соработник во Окружниот стопански суд Скопје.

Од 1 септември 1986 до 20 мај 2008 година работи како адвокат во повеќе правни области, во почетокот на кариерата стопанска и граѓанска материја, во последните 10 години успешно работење на кривични предмети.

На 20 мај 2008 година избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија, каде работи во Одделот за граѓански дела.

На 17 јули 2008 година избран за Претседател на Врховниот суд на Република Македонија. Функцијата Претседател на Врховниот суд на Република Македонија ја извршува до 17.07.2012 година.

Во периодот што следи работи во Одделот за казниви дела и во Одделот за разумен рок во Врховниот суд на Република Македонија.

На 13.03.2017 со одлука бр.08-427/1 од страна на Судскиот Совет на Република Македонија е избран за  Претседател на Врховниот суд на Република Македонија.

Објавени трудови и активности:

Во работењето како адвокат и судија на Врховниот суд, учествувал на повеќе меѓународни конференции и семинари во земјата и странство.

Како Претседател на Врховниот суд на Република Македонија (ex officio) член на Судскиот совет на Република Македонија, Заменик претседател на Судскиот буџетски совет и член на Управниот комитет на Академијата за обука на судии и јавни обвинители .

Судиите

Судија Снежана Ѓорѓиеска Зекирија

Судија Снежана Ѓорѓиеска Зекирија

Име и презиме:
Снежана Ѓорѓиеска Зекирија
Година на избор:
2012
Област на која работи судијата:
Оддел за граѓански дела и Оддел за судење во разумен рок

Образование:

Родена е на 6.1.1960 г. во Прилеп. Живее во Скопје. По националност е Македонка. Дипломирала на Правен факултет во Скопје на 23.12.1985 г. Правосуден испит положила во Скопје на 12.12.1989 г.

Работно искуство:

На 27.5.1986 г. се вработила како правник во Управата за општествени приходи на Град Скопје. Од 6.7.1987 г. работела како приправник во Окружен стопански суд Скопје во областа на стопанското право. Од 1989 г. работела во Окружен стопански суд Скопје како стручен соработник на стопански парници, а од 1994 г. била стручен соработник во стечајно одделение. Првпат била избрана за судија во Основен суд Скопје I - Скопје на 27.6.1996 г. каде постапувала по предмети во стечајното одделение. Од 1998 г. во Основен суд Скопје I - Скопје постапувала по предмети од стопанска парница, а од јули 2007 г. работела како судија во Основен суд Скопје II – Скопје на истата материја. На 17.2.2010 г. со одлука за избор 07-317/1 (Сл.в. на РМ бр.25 од 19.2.2010) избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во трговскиот оддел и е претседател на совет.  Активно се служи со англиски јазик. Има познавање од областа на работа со компјутери. Со одлука бр. 07-1958/1 од 25.12.2012 на Судски совет на Република Македонија е избрана за судија на Врховен суд на Република Македонија.

Објавени трудови и активности:

Има учестувано на повеќе семинари од областа на трговското право и има стекнато сертификати за: - заштита на индустриска сопственост - трговско право - заштита од нелојална конкуренција Во Академијата за судии и јавни обвинители е ментор за трговско право.

Судија Д-р Џемали Саити

Судија Д-р Џемали Саити

Име и презиме:
Д-р Џемали Саити
Година на избор:
2012
Област на која работи судијата:
Оддел за казниви дела, Оддел за судење во разумен рок и Специјализиран совет по жалби против одлуки на Управен суд

Образование:

Роден на 14.09.1966 година во Глумово, Скопје. Основно и средно образование – Скопје. Дипломиран правник – правосудна насока, Правен факултет Скопје, 21.03.1991 година. Правосуден испит, положен на 24.06.1996 година. Последипломски студии: - Магистар на правни науки – Правен факултет при Државниот Тетовски Универзитет на тема: “Примената на посебните истражни мерки“. - Доктор на правни науки - Правен факултет “Јустинијан први“ Скопје. Одбрана на докторската дисертација на 06.11.2012 година под наслов “Алтернативните мерки наспроти новите облици на криминалитет“

Работно искуство:

Професионален ангажман:

● 1992 - 1993 новинар во МРТ – Радио Скопје.

● 1996 година до крајот на 1999 година – адвокат во Скопје.

● На 27.12.1999 година, избран за Министер за локална самоуправа во Владата на РМ, до 13.05.2001 година.

● 2002 - 2006 година, член на Државната изборна комисија на РМ.

● 2001 - 2004 година, заменик на претседателот на Државната пописна комисија на РМ.

● Од декември 2010 година до август 2011 година, член на Државната пописна комисија на РМ.

● Од 23.05.2005 – 18.08.2011 година, адвокат во Скопје.

● Од.2006 година, овластен медијатор.

● Од 18.08.2011 година, судија во Виш управен суд.

● Од 25.12.2012 година, Судија во Врховен суд на РМ.

Судија Исамедин Лимани

Судија Исамедин Лимани

Име и презиме:
Исамедин Лимани
Година на избор:
2013
Област на која работи судијата:
Оддел за граѓански дела и Специјализиран совет по жалби против одлуки на Управен суд

Образование:

- Правен факултет завршил 1990 година.

- Правосуден испит - 2001 година.

Работно искуство:

 Движење во служба: - 1992 година - волонтер во подрачното одделение на Министерство за правда во Тетово, - 1993 година - самостоен референт во стручната служба на СО Тетово, - 1997година - Секретар на Советот на Општина Желино, - 2002 година - член на Државната изборна комисија, - 2004 година - државен советник во Министерството за правда, - 2009 – 2011 судија на Управен суд Скопје - март 2011 година - избран за судија на Вишиот управен суд, стапува на функција на 30.06.2011 година - ноември 2011 година – избран за Претседател на Управен суд Скопје

Судија Шпенд Деваја

Судија Шпенд Деваја

Име и презиме:
Шпенд Деваја
Година на избор:
2013
Област на која работи судијата:
Оддел за граѓански дела и Оддел за судење во разумен рок

Образование:

Роден е во Скопје на ден 19.04.1962 година. Основно и средно образование има завршено во Скопје. Дипломирал на правниот факултет во Скопје во 1985 година.  Во 1987 година во Скопје, го положува правосудниот испит.

Работно искуство:

Во 1986 година работи како адвокатски приправник. Во 1988 година се вработува како шеф на правниот сектор во ПОС Центрохемија Скопје. Од 01.09.1990 е регистриран во Адвокатската Комора на Република Македонија како адвокат под реден број 300. Со Одлука на Судскиот Совет на Република Македонија од 02.12.2013 година е избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија.

Објавени трудови и активности:

Од 2004 година до 2010 година - член и потпреседатал на Управниот Одбор на Адвокатската Комора на Република Македонија. Од 2000 година до 2010 година - кординатор на проектот финансиран од UNHCR-канцеларија во Скопје, за бесплатна правна помош на бегалците во Република Македонија по наслов: Free Legal Aid to the Refugees in Rеpublic of Macedonia” Земал учество на многу семинари и конференции одржани во земјата и странство и тоа " The “European Convention on Human Rights and its Application on Asylum Seekers", organized by UNHCR B.O. - Skopje," International Course on Refugee Protection in Response to Failure of State Protection (Focus on Agents of Persecution and the Concept of Internal Protection Alternative)", organized by ECRE – London," International Human Rights Instruments for Protection of Refugees", organized by the Center for Refugees and Forced Migration Studies – Skopje," Defending Human Rights in Practice" (lecturer: Andrass Grad, PhD, for-mer Adviser of the Secretariat of the European Human Rights Commission, Adviser of the Hungarian Constitut. Court's president), organized by CSRC,"Proceedings before the European Court of Human Rights" (lecturer: Bill Bowring, PhD, legal representative in proceedings before the Strasbourg Court, Professor at the University of Essex), organized by CSRC,Семинар организран од страна на UNICEF и Совет на Европа со тема малолетничка деликвенција, International Criminal Court organized by ERA-Akademy of Europеan Law, in Germany, Обука на обучувачи организарана од Мисијата на ОБСЕ НМС /ОДДЕЛ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО, во врска со измените на зкп, на тема: Истрага, Теорија на случај, Директно испрашување, Вкрстено испрашување и Спогодување за вина.

Судија м-р Снежана Бајлозова

Судија м-р Снежана Бајлозова

Име и презиме:
м-р Снежана Бајлозова
Година на избор:
2016
Област на која работи судијата:
Оддел за граѓански дела и Оддел за судење во разумен рок

Образование:

Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 20.3.1981 година.

Правосуден испит положила во Скопје на 22.10.1982 г.

Во месец ноември 2014 година магистрира на факултетот Американ колеџ во Скопје и се здобива со звање магистар по деловно право. 

Има познавања од англиски јазик, како и од работа со компјутери.

Работно искуство:

Веднаш по дипломирањето од 1.9.1981 г. била примена на работа во тогашниот Окружен суд Скопје како приправник, а во 1982 г. се стекнала со звање стручен соработник во истиот суд и работела на предмети и од граѓанска и од кривична материја.

 Од 1.4.1986 г., по пат на спогодба преминала на работа во Врховен суд на Република Македонија, кадешто како стручен соработник работела исклучиво на предмети од граѓанска материја.
 
Првпат била избрана за судија во Основен суд Скопје I Скопје на 16.11.1987 г. каде се до 1996 г. работела на предмети од граѓанска материја, а потоа се до 2008 г. работела на предмети од кривична материја.

Од 2004 г. до 2007 г. била член на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје I Скопје, а потоа од крајот на 2007 г. до мај 2008 г. и претседател на Кривичниот совет во истиот суд.

На 20.5.2008 г. со одлука за избор 07-1185/1 (Службен весник  на РМ бр.66/05 од 28.5.2008 г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје каде што постапува по предмети во Трговскиот оддел.

Со одлука на Судскиот Совет на РМ  бр. 08-1388/1 од 05.09.2016 година избрана е за судија во Врховниот суд на Република Македонија.

Со одлука на Судскиот Совет на РМ бр.02-1928/1 од 05.12.2016 година избрана е за вршител на должност - Претседател на Врховниот суд на Република Македонија 

Објавени трудови и активности:

Како првостепен судија учествувала на сите семинари кои биле организирани во РМ, било од граѓанската било од кривичната област. Била претставник на РМ и на семинари организирани од Советот на Европа во Букурешт, Мадрид, Виена и Тирана, а кои се однесувале на состојбите во судството во РМ и Организираниот криминал. За овие учества поседува и безброј признаници – сертификати.

Во 2006 г. е избрана за претседател на Основната организација на Здружението на судии при Основниот суд Скопје I Скопје, каде останува се од изборот за судија во Апелационен суд Скопје.
 
Од страна на Академијата за обука на судии и јавни обвинители во 2008 г. е определена за ментор од кривична област.

Во периодот од 1996 г. до 2004 г. учествувала во сите избори во Република Македонија и тоа и како претседател и како член на изборна комисија.

Во 2009 г. од страна на Академијата за обука на судии и јавни обвинители е определена за ментор за изведување на практична обука на втората генерација на кандидати за судии и јавни обвинители од граѓанската област.

​Од страна на Судскиот совет на РМ има дозвола за предавање на наведениот факултет од областа за која што магистрирала. 

Судија Рахилка Стојковска

Судија Рахилка Стојковска

Име и презиме:
Рахилка Стојковска
Година на избор:
2016
Област на која работи судијата:
Оддел за казниви дела, Оддел за судска практика

Образование:

 Родена во Скопје на 20.08.1964 година.

Образование: дипломиран правник со завршен Правен факултет во Скопје, Универзитет "Кирил и Методиј” во Скопје на 30.03.1988 година;

-положен правосуден испит во Скопје на 20.10.1992 година;

-положен Стручен испит за застапници во постапката за заштита на индустриската сопственост на 11.07.1994 година 

Работно искуство:

-приправник - волентер во Општински суд Скопје I во Скопје од 1988 година до 1990 година;

-адвокатски приправник од 1990 до 1993 година;

-адвокат од 1993 до 1996 година;

-самостоен референт во Републичка геодетска управа, Катарстар Скопје до март 1997 година;

-во Министерството за правда – советник во Секторот за правосудство од 1997 до 2000 година,

-советник на министерот од 2000 до 2001 година,

-раководител на Сектор за државна управа, изборен систем и управни надлежности од 2001 до 2002,

оветник во Единицата за реформа на јавната администрација од 2002 до 2004,  

-раководител на Сектор за правосудство од 2004 до 2007,

-Судија на Управен суд од 31.10.2007 година до 05.09.2016 година,

кога е избрана за судија на Врховниот суд на Република Македонија. 

 

Објавени трудови и активности:

Други ангажмани и усовршување:

-претседател на советот за пензии и други права од пензиско и инвалидско осигурување, право по основ на социјална заштита, право по основ на здравствено осигурување, права од здравствено-санитарен надзор и контрола, надзорни мерки на инспекторатот на трудот од 2008 до 2012 година;

-претседател на советот за имотно-правна област и други права од 2013 до септември 2016 година;

-лице задолжено за односи со јавноста на Управниот суд од 2007 до 2010 година;

-член на помошно тело кое му помага на претседателот на судот по прашања од примената на Законот за судовите, Судскиот деловник, годишните извештаи на Управниот суд и сл.;

лен на Програмски совет на Акакдемијата за обука на судии и јавни обвинители;

-член на Комисијата за дисциплинска одговорност на нотарите;

-член на Издавачки совет - Здружение на судии на Република Македонија;

-претседател на Подружница на Здружение на судии на Република Македонија при Управниот суд од 2012 до 2016 година;

-учесник – предавач во изведувањето на наставата на вториот циклус студии – мастер, на Правниот факултет на насоката Административно право и јавна администрација по предметот управно судство, декември 2008 година и декември 2010 година;

-член на Комисијата за полагање на испит за извршители од 2011 до 2013 год.

-Во организација на European Judicial Training Network (EJTN) има учество на работилница под наслов „Judicial training for administrative judges“ одржана во 2008 година во Рига, Латвија со презентација на тема: „Реформи на правосудниот систем во Република Македонија – Конституирање на Управниот суд на Република Македонија“; во организација на Здружение на правниците на РМ има учество на 59-та Средба на правниците одржана во 2008 година во Охрид под наслов „Новините во Законот за општата управна постапка и Законот за управните спорови“ со презентација на тема: Управно - судска заштита на правата на граѓаните и правните лица низ практичната примена на Законот за управните спорови;

-учество на Заедничка меѓународна конференција одржана во 2010 година во Охрид под наслов „Управни судски постапки: тековни проблеми, компаративни искуства и решенија“ со презентација на тема: „Состојбата со постапката пред Управниот суд во Република Македонија од аспект на судиите“;

-учество на Меѓународна конференција на Советот на Европа одржана во Скопје во 2010 година при ВСРМ под наслов „Улогата на судиите во извршувањето на судските одлуки во кривичната, граѓанската и управната област“, со презентација на тема: „ Улогата на судијата во извршувањето на судските одлуки“,

-учество на Семинар одржан во 2010 година во Академија за обука на судии и јавни обвинители, под наслов „Право на слобода на информирање“, со презентација на тема: „Право на слобода на информирање и односи судство и медиуми“.

Објавени трудови:

-„Судска заштита на учесниците во прекршочната постапка што ја водат органите на управата“ – Деловно право бр.17 – Часопис за теорија и практика на правото, Здружение на правници на Република Македонија, јуни 2007;

-„Судска заштита на правата на граѓаните и правните лица низ практичната примена на Законот за управните спорови“– Деловно право бр.19 – Часопис за теорија и практика на правото, Здружение на правници на Република Македонија, октомври 2008 и

-„Потреба за итни измени на Законот за управните спорови“ – Forum Europeum 9 – Управното законодавство и управното судство, Мега проект: Евроинтеграцијата на општествениот, правниот и политичкиот систем на Република Македонија, Правен факултет Јустинијан Први Скопје, март 2010.

Судија Стојанче Рибарев

Судија Стојанче Рибарев

Име и презиме:
Стојанче Рибарев
Година на избор:
2016
Област на која работи судијата:
Оддел за граѓански дела и Специјализиран совет по жалби против одлуки на Управен суд

Образование:

Роден 19.06.1964 год. во Штип-Република Македонија. 

На Правниот факултет во Битола  дипломира во 1987 год.

Правосуден испит положува на 12.04.1990 год. 

Има завршено курс за Англиски јазик –2 степен.

Завршено обука за работа со компјутери-Windows, MS Word & Excel.

Завршено обука за Едукатор 1 и 2 степен.

Посетувано специјалистички курс за деловно право на CEI во Будимпешта како и семинари и курсеви во РМ од областа на имотното право и заштитата на човековите права.

Работно искуство:

Од 05.10.1987 год. започнува со волонтирање во Окружниот стопански суд во Штип каде како приправник е примен на 01.02.1989 год.

По положувањето на правосудниот испит продолжува да работи како Секретар на судот.

На 30.06.1996 год. избран за Судија на Основниот суд во Штип и започнува со работа на граѓанска материја.

На 01.02.1997 год.  избран за Претседател на судот и на таа функција е  до 01.02.2000 год.

На 01.02.2000 год.  избран за член на Републичкиот судски совет и на таа функција е  до 11.07.2002 год.

На 12.07.2002 год.  избран за Судија на Апелациониот суд во Штип. За цело време работи на граѓанска материја од сите области (имотни односи, тровско право и работни односи).

На 29.12.2008 год. избран за Претседател на Апелационен суд во Штип.

Во 2002 год. учествува како консултaнт во работната група за изработка на “Судскиот информационен систем”.

Членувал во повеќе комисии за изработка на прописи.

Од 2006 год. член на Управниот одбор на Здружението на судиите на Р.Македонија.

Во текот на 2007 год.  бил член на комисиии во Министерството за правда за измени и дополнувања на Закон за медијација и за изготвување на Закон за платите на судиите.

Во текот на 2006 год. работи на проекти во Здружението на судии на РМ за донесување на Закон за плати на судиите, а во текот на 2007 год. на проект за утврдување на критериуми за оценка на работата на судиите.

Со одлука бр.02-155/8 од 16.05.2007 год. именуван е  за постојан едукатор во Академијата за обука на судии и јавни обвинители.

Со одлука на Министерот за правда бр. 09-1846/1 од 24.03.2008 год. именуван е  за член на Испитната комисија за полагање на испит за извршители по предметот Стварно право, семејно право, наследно право, облигации и катастар.

Објавени трудови и активности:

Автор е на стручни написи во Судиска ревија и Весникот “Правник” како и учесник како едукатор на семинари за судии и правници со свои трудови од областа на имотното и тровското право .

Судија Африм Фидани

Судија Африм Фидани

Име и презиме:
Африм Фидани
Година на избор:
2017
Област на која работи судијата:
Оддел за казниви дела и Оддел за судење во разумен рок

Образование:

 

По завршување на средно училиште и отслужување на воениот рок, во 1985 година се запишува на Правниот факултет на Приштинскиот универзитет. Во 1989 година дипломира на Правниот факултет.

 

Работно искуство:

 Од 1990 до 1996 година работи во просвета на работни задачи – правно административни.

 Од  1996  до 2005 година  работи  во Државниот инспекторат за труд на Република Македонија, како републички инспектор за труд област на работни односи.

 Од 2005 до 2007 година е секретар на Општина Врапчиште – Врапчиште.

 Од 2007 до 2011 година е адвокат со седиште во Гостивар.

 Од 18.07.2011 година е избран за судија во Апелациониот суд Скопје – кривичен оддел.

 Со Одлука на Судскиот совет на Република Македонија бр.08-1584/4 од 23.11.2017 година избран е за судија на Врховниот суд на Република Македонија.

Прва<12>Последна

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • Средба со претставници од Центарот за правни истражувања и анализи

    Новости  | 16.7.2019
    Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски на 15 јули 2019 година, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, оствари средба со г-дин Жарко Хаџи-Зафиров и г-а Милена Арсова, претставници од Центарот за правни истражувања и анализи и г-а Елена Готовска, претставник од компанијата PwC. На средбата присуствуваше и судија Николчо Николовски, како и членови на кабинетот на претседателот. [повеќе]
  • Средба со aмбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија

    Новости  | 15.7.2019
    Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски на 12 јули 2019 година, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, оствари средба со Н.Е. г-дин Емилио Лоренцо Сера, амбасадор на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија. [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ

    Известувања  | 11.7.2019
    Во врска со известувањето објавено од Државната комисија за спречување на корупцијата на 10 јули 2019 година, ја известуваме јавноста дека Врховниот суд на Република Северна Македонија постапува согласно уставните и законските надлежности, применувајќи ги притоа Уставот на Република Северна Македонија, законите, меѓународните ратификувани договори, како и праксата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. [повеќе]

Сите вести