За судиите
За судиите
Претседател
CV на Претседател
Судија Беса Адеми
Образование:
Работно искуство:
На 12.02.2021 со одлука бр.09-309/1 од страна на Судскиот Совет на Република Северна Македонија е избрана за Претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
На 12.03.2021 година претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија даде свечена изјава пред претседателот и членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
Судиите
Судија Васил Грчев
Судија Васил Грчев

Образование:
Работно искуство:
Судија Мирјана Радевска Стефкова
Судија Мирјана Радевска Стефкова

Образование:
Работно искуство:
Објавени трудови и активности:
Учество на семинари: -семинар за интелектуална сопственост, организиран од IDLO-International Development Law Organization, одржан во Скопје во 2007 година. -семинар за трговско право,организиран од Академијата за обука на судии и јавни обвинители во соработка со проектот CARDS 2004, во 2007 година. -семинар за судска соработка во Европската унија-граѓанско и трговско правна материја во Брисел, во 2008 година, организиран од Европската комисија-Генерален директорат за проширување. -семинар за конкурентско право,организиран од OECD-Регионален центар за конкуренција во Унгарија, одржан во Будимпешта во 2008 година. Странски јазици: француски и англиски.
Судија м-р Фаик Арслани
Судија м-р Фаик Арслани

Образование:
Работно искуство:
На 11.09.2019 со одлука бр. 02-1454/1 од страна на Судскиот Совет на Република Северна Македонија е избран за вршител на должноста Претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
Судија Владимир Стојаноски
Судија Владимир Стојаноски

Образование:
Основно и средно образование завршил во Скопје.
Дипломирал на правниот факултет во Битола во 1988 година.
Правосуден испит положил во Скопје 1991 година.
Работно искуство:
Работел прво како стручен соработник, потоа како советник и државен советник во Владата на Република Македонија во периодот од 1992-2002 година.
Во 2002 година во Фонд за земјоделство како пом. директор за финансиски и правни работи.
Во 2004 година во Министертво за земјоделство, шумарство и водостопанство како пом. раководител на сектор за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој.
Во 2006 година како Директор во Бирото за судски вештачења.
За судија во Управниот суд е избран во 2007 година.
За судија на Врховниот суд на Република Македонија е избран на 13.09.2010 година.
За судија на Уставниот суд на Република Македонија е избран на 14 април 2011 година.
По истек на 9 годишен мандат на судија во Уставниот суд на Република Северна Македонија, од 14.06.2020 година продолжува да ја извршува функцијата судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
Објавени трудови и активности:
Во ноември и декември 2008 година - член на Комисија за завршен испит при Академијата за судии и јавни обвинители за I генерација слушатели на почетна обука.
Во периодот од 2013 до 2015 година - предавач во почетна обука од областа на Уставното право за V генерација слушатели на почетна обука при Академијата за судии и јавни обвинители.
Судија Јелица Крстевска
Судија Јелица Крстевска
Образование:
Родена на 17.05.1961 година во Крива Паланка. Живее во Скопје.
Дипломирала на Правниот факултет при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје на 22.03.1984 година.
Правосудниот испит го положила на 22.10.1987 година.
Работно искуство:
Од 07.07.1986 година до 22.10.1987 година приправник во Окружен суд Скопје.
Од 22.10.1987 година до 01.07.1996 година стручен соработник во граѓански оддел во Окружен суд Скопје.
На 01.07.1996 година избрана за судија во Основен суд Скопје II Скопје.
На 01.11.2007 година избрана за судија во Управен суд на Република Македонија.
На 15.07.2011 година избрана за судија на Врховниот суд на Република Македонија.
На 18.12.2012 година е избрана за член на Судски совет на Република Македонија.
Во јануари 2014 година назначена за член на Управен одбор на Академија за судии и јавни обвинители.
На 05.02.2014 година избрана за заменик претседател на Управен одбор на Академија за судии и јавни обвинители, која функција ја извршува до септември 2018 година.
По истек на 6 годишен мандат на член на Судски совет на Република Македонија на 18.12.2018 година, продолжува да ја извршува судиската функција во Врховниот суд на Република Македонија.
Судија Снежана Ѓорѓиеска Зекирија
Судија Снежана Ѓорѓиеска Зекирија

Образование:
Работно искуство:
На 27.5.1986 г. се вработила како правник во Управата за општествени приходи на Град Скопје. Од 6.7.1987 г. работела како приправник во Окружен стопански суд Скопје во областа на стопанското право. Од 1989 г. работела во Окружен стопански суд Скопје како стручен соработник на стопански парници, а од 1994 г. била стручен соработник во стечајно одделение. Првпат била избрана за судија во Основен суд Скопје I - Скопје на 27.6.1996 г. каде постапувала по предмети во стечајното одделение. Од 1998 г. во Основен суд Скопје I - Скопје постапувала по предмети од стопанска парница, а од јули 2007 г. работела како судија во Основен суд Скопје II – Скопје на истата материја. На 17.2.2010 г. со одлука за избор 07-317/1 (Сл.в. на РМ бр.25 од 19.2.2010) избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во трговскиот оддел и е претседател на совет. Активно се служи со англиски јазик. Има познавање од областа на работа со компјутери. Со одлука бр. 07-1958/1 од 25.12.2012 на Судски совет на Република Македонија е избрана за судија на Врховен суд на Република Македонија.
Објавени трудови и активности:
Има учестувано на повеќе семинари од областа на трговското право и има стекнато сертификати за: - заштита на индустриска сопственост - трговско право - заштита од нелојална конкуренција Во Академијата за судии и јавни обвинители е ментор за трговско право.
Судија Д-р Џемали Саити
Судија Д-р Џемали Саити

Образование:
Роден на 14.09.1966 година во Глумово, Скопје. Основно и средно образование – Скопје. Дипломиран правник – правосудна насока, Правен факултет Скопје, 21.03.1991 година. Правосуден испит, положен на 24.06.1996 година. Последипломски студии: - Магистар на правни науки – Правен факултет при Државниот Тетовски Универзитет на тема: “Примената на посебните истражни мерки“. - Доктор на правни науки - Правен факултет “Јустинијан први“ Скопје. Одбрана на докторската дисертација на 06.11.2012 година под наслов “Алтернативните мерки наспроти новите облици на криминалитет“
Работно искуство:
Професионален ангажман:
● 1992 - 1993 новинар во МРТ – Радио Скопје.
● 1996 година до крајот на 1999 година – адвокат во Скопје.
● На 27.12.1999 година, избран за Министер за локална самоуправа во Владата на РМ, до 13.05.2001 година.
● 2002 - 2006 година, член на Државната изборна комисија на РМ.
● 2001 - 2004 година, заменик на претседателот на Државната пописна комисија на РМ.
● Од декември 2010 година до август 2011 година, член на Државната пописна комисија на РМ.
● Од 23.05.2005 – 18.08.2011 година, адвокат во Скопје.
● Од.2006 година, овластен медијатор.
● Од 18.08.2011 година, судија во Виш управен суд.
● Од 25.12.2012 година, Судија во Врховен суд на РМ.
Судија Исамедин Лимани
Судија Исамедин Лимани

Образование:
- Правен факултет завршил 1990 година.
- Правосуден испит - 2001 година.
Работно искуство:
Судија Шпенд Деваја
Судија Шпенд Деваја

Образование:
Роден е во Скопје на ден 19.04.1962 година. Основно и средно образование има завршено во Скопје. Дипломирал на правниот факултет во Скопје во 1985 година. Во 1987 година во Скопје, го положува правосудниот испит.
Работно искуство:
Во 1986 година работи како адвокатски приправник. Во 1988 година се вработува како шеф на правниот сектор во ПОС Центрохемија Скопје. Од 01.09.1990 е регистриран во Адвокатската Комора на Република Македонија како адвокат под реден број 300. Со Одлука на Судскиот Совет на Република Македонија од 02.12.2013 година е избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија.
Објавени трудови и активности:
Од 2004 година до 2010 година - член и потпреседатал на Управниот Одбор на Адвокатската Комора на Република Македонија. Од 2000 година до 2010 година - кординатор на проектот финансиран од UNHCR-канцеларија во Скопје, за бесплатна правна помош на бегалците во Република Македонија по наслов: Free Legal Aid to the Refugees in Rеpublic of Macedonia” Земал учество на многу семинари и конференции одржани во земјата и странство и тоа " The “European Convention on Human Rights and its Application on Asylum Seekers", organized by UNHCR B.O. - Skopje," International Course on Refugee Protection in Response to Failure of State Protection (Focus on Agents of Persecution and the Concept of Internal Protection Alternative)", organized by ECRE – London," International Human Rights Instruments for Protection of Refugees", organized by the Center for Refugees and Forced Migration Studies – Skopje," Defending Human Rights in Practice" (lecturer: Andrass Grad, PhD, for-mer Adviser of the Secretariat of the European Human Rights Commission, Adviser of the Hungarian Constitut. Court's president), organized by CSRC,"Proceedings before the European Court of Human Rights" (lecturer: Bill Bowring, PhD, legal representative in proceedings before the Strasbourg Court, Professor at the University of Essex), organized by CSRC,Семинар организран од страна на UNICEF и Совет на Европа со тема малолетничка деликвенција, International Criminal Court organized by ERA-Akademy of Europеan Law, in Germany, Обука на обучувачи организарана од Мисијата на ОБСЕ НМС /ОДДЕЛ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО, во врска со измените на зкп, на тема: Истрага, Теорија на случај, Директно испрашување, Вкрстено испрашување и Спогодување за вина.
Судија м-р Снежана Бајлозова
Судија м-р Снежана Бајлозова

Образование:
Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 20.3.1981 година.
Правосуден испит положила во Скопје на 22.10.1982 г.
Во месец ноември 2014 година магистрира на факултетот Американ колеџ во Скопје и се здобива со звање магистар по деловно право.
Има познавања од англиски јазик, како и од работа со компјутери.
Работно искуство:
Веднаш по дипломирањето од 1.9.1981 г. била примена на работа во тогашниот Окружен суд Скопје како приправник, а во 1982 г. се стекнала со звање стручен соработник во истиот суд и работела на предмети и од граѓанска и од кривична материја.
Од 1.4.1986 г., по пат на спогодба преминала на работа во Врховен суд на Република Македонија, кадешто како стручен соработник работела исклучиво на предмети од граѓанска материја.
Првпат била избрана за судија во Основен суд Скопје I Скопје на 16.11.1987 г. каде се до 1996 г. работела на предмети од граѓанска материја, а потоа се до 2008 г. работела на предмети од кривична материја.
Од 2004 г. до 2007 г. била член на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје I Скопје, а потоа од крајот на 2007 г. до мај 2008 г. и претседател на Кривичниот совет во истиот суд.
На 20.5.2008 г. со одлука за избор 07-1185/1 (Службен весник на РМ бр.66/05 од 28.5.2008 г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје каде што постапува по предмети во Трговскиот оддел.
Со одлука на Судскиот Совет на РМ бр. 08-1388/1 од 05.09.2016 година избрана е за судија во Врховниот суд на Република Македонија.
Со одлука на Судскиот Совет на РМ бр.02-1928/1 од 05.12.2016 година избрана е за вршител на должност - Претседател на Врховниот суд на Република Македонија
Објавени трудови и активности:
Како првостепен судија учествувала на сите семинари кои биле организирани во РМ, било од граѓанската било од кривичната област. Била претставник на РМ и на семинари организирани од Советот на Европа во Букурешт, Мадрид, Виена и Тирана, а кои се однесувале на состојбите во судството во РМ и Организираниот криминал. За овие учества поседува и безброј признаници – сертификати.
Во 2006 г. е избрана за претседател на Основната организација на Здружението на судии при Основниот суд Скопје I Скопје, каде останува се од изборот за судија во Апелационен суд Скопје.
Од страна на Академијата за обука на судии и јавни обвинители во 2008 г. е определена за ментор од кривична област.
Во периодот од 1996 г. до 2004 г. учествувала во сите избори во Република Македонија и тоа и како претседател и како член на изборна комисија.
Во 2009 г. од страна на Академијата за обука на судии и јавни обвинители е определена за ментор за изведување на практична обука на втората генерација на кандидати за судии и јавни обвинители од граѓанската област.
Од страна на Судскиот совет на РМ има дозвола за предавање на наведениот факултет од областа за која што магистрирала.