За судиите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

За судиите

ВД Претседател м-р Фаик Арслани 

Образование:

Роден на 17.01.1959 година во с. Добридол –Гостиварско. Од 1978-79 година до 1982-83 година студент при Правниот факултет во Нови Сад, САП Војводина, СФРЈ Југославија.

Работно искуство:

Од 1.06.1984 година до 4.07.1988 година - вработен во Опшинското јавно обвинителство – Гостивар. Од 5.07.1988 година до 30.06.1996 година - претседател на Општинскиот суд за прекршоци – Гостивар. Од 1.07.1996 година до 12.05.2001 година - судија при Основниот суд Гостивар. Од 13.05.2001 година до 30.06.2003 година - Министер за Локална самоуправа при Владата на Република Македонија. Од 1.07.2003 година до 31.07.2008 година –адвокат со седиште во Гостивар , регистриран при Адвокатска комора на РМ. Од 1.08.2008 година – член на Советот на јавните обвинители на РМ избран со Одлука на Собранието на РМ, објавен во Сл. Весник бр.96 од 31.07.2008 година. Од 09.10.2009 година на правниот факултет во Приштина се стекнал со диплома за посдипломски судии и со степен на наобразба м-р по правни –управни науки. Од септември 2010 година судија на Врховниот суд на Република Македонија.

На 11.09.2019 со одлука бр.02-1454/1 од страна на Судскиот Совет на Република Северна Македонија е избран за вршител на должноста  Претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Судиите

Судија Снежана Ѓорѓиеска Зекирија

Судија Снежана Ѓорѓиеска Зекирија

Име и презиме:
Снежана Ѓорѓиеска Зекирија
Година на избор:
2012
Област на која работи судијата:
Оддел за судење во разумен рок - Претседател на оддел, Оддел за граѓански дела и Оддел за судска практика

Образование:

Родена е на 6.1.1960 г. во Прилеп. Живее во Скопје. По националност е Македонка. Дипломирала на Правен факултет во Скопје на 23.12.1985 г. Правосуден испит положила во Скопје на 12.12.1989 г.

Работно искуство:

На 27.5.1986 г. се вработила како правник во Управата за општествени приходи на Град Скопје. Од 6.7.1987 г. работела како приправник во Окружен стопански суд Скопје во областа на стопанското право. Од 1989 г. работела во Окружен стопански суд Скопје како стручен соработник на стопански парници, а од 1994 г. била стручен соработник во стечајно одделение. Првпат била избрана за судија во Основен суд Скопје I - Скопје на 27.6.1996 г. каде постапувала по предмети во стечајното одделение. Од 1998 г. во Основен суд Скопје I - Скопје постапувала по предмети од стопанска парница, а од јули 2007 г. работела како судија во Основен суд Скопје II – Скопје на истата материја. На 17.2.2010 г. со одлука за избор 07-317/1 (Сл.в. на РМ бр.25 од 19.2.2010) избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во трговскиот оддел и е претседател на совет.  Активно се служи со англиски јазик. Има познавање од областа на работа со компјутери. Со одлука бр. 07-1958/1 од 25.12.2012 на Судски совет на Република Македонија е избрана за судија на Врховен суд на Република Македонија.

Објавени трудови и активности:

Има учестувано на повеќе семинари од областа на трговското право и има стекнато сертификати за: - заштита на индустриска сопственост - трговско право - заштита од нелојална конкуренција Во Академијата за судии и јавни обвинители е ментор за трговско право.

Судија Д-р Џемали Саити

Судија Д-р Џемали Саити

Име и презиме:
Д-р Џемали Саити
Година на избор:
2012
Област на која работи судијата:
Оддел за казниви дела, Специјализиран совет по жалби против одлуки на Управен суд и Оддел за судска практика

Образование:

Роден на 14.09.1966 година во Глумово, Скопје. Основно и средно образование – Скопје. Дипломиран правник – правосудна насока, Правен факултет Скопје, 21.03.1991 година. Правосуден испит, положен на 24.06.1996 година. Последипломски студии: - Магистар на правни науки – Правен факултет при Државниот Тетовски Универзитет на тема: “Примената на посебните истражни мерки“. - Доктор на правни науки - Правен факултет “Јустинијан први“ Скопје. Одбрана на докторската дисертација на 06.11.2012 година под наслов “Алтернативните мерки наспроти новите облици на криминалитет“

Работно искуство:

Професионален ангажман:

● 1992 - 1993 новинар во МРТ – Радио Скопје.

● 1996 година до крајот на 1999 година – адвокат во Скопје.

● На 27.12.1999 година, избран за Министер за локална самоуправа во Владата на РМ, до 13.05.2001 година.

● 2002 - 2006 година, член на Државната изборна комисија на РМ.

● 2001 - 2004 година, заменик на претседателот на Државната пописна комисија на РМ.

● Од декември 2010 година до август 2011 година, член на Државната пописна комисија на РМ.

● Од 23.05.2005 – 18.08.2011 година, адвокат во Скопје.

● Од.2006 година, овластен медијатор.

● Од 18.08.2011 година, судија во Виш управен суд.

● Од 25.12.2012 година, Судија во Врховен суд на РМ.

Судија Исамедин Лимани

Судија Исамедин Лимани

Име и презиме:
Исамедин Лимани
Година на избор:
2013
Област на која работи судијата:
Оддел за граѓански дела, Оддел за судење во разумен рок, Специјал. совет по жалби против одлуки на Управен суд и Оддел за судска практика

Образование:

- Правен факултет завршил 1990 година.

- Правосуден испит - 2001 година.

Работно искуство:

 Движење во служба: - 1992 година - волонтер во подрачното одделение на Министерство за правда во Тетово, - 1993 година - самостоен референт во стручната служба на СО Тетово, - 1997година - Секретар на Советот на Општина Желино, - 2002 година - член на Државната изборна комисија, - 2004 година - државен советник во Министерството за правда, - 2009 – 2011 судија на Управен суд Скопје - март 2011 година - избран за судија на Вишиот управен суд, стапува на функција на 30.06.2011 година - ноември 2011 година – избран за Претседател на Управен суд Скопје

Судија Шпенд Деваја

Судија Шпенд Деваја

Име и презиме:
Шпенд Деваја
Година на избор:
2013
Област на која работи судијата:
Оддел за граѓански дела, Оддел за судење во разумен рок и Оддел за судска практика

Образование:

Роден е во Скопје на ден 19.04.1962 година. Основно и средно образование има завршено во Скопје. Дипломирал на правниот факултет во Скопје во 1985 година.  Во 1987 година во Скопје, го положува правосудниот испит.

Работно искуство:

Во 1986 година работи како адвокатски приправник. Во 1988 година се вработува како шеф на правниот сектор во ПОС Центрохемија Скопје. Од 01.09.1990 е регистриран во Адвокатската Комора на Република Македонија како адвокат под реден број 300. Со Одлука на Судскиот Совет на Република Македонија од 02.12.2013 година е избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија.

Објавени трудови и активности:

Од 2004 година до 2010 година - член и потпреседатал на Управниот Одбор на Адвокатската Комора на Република Македонија. Од 2000 година до 2010 година - кординатор на проектот финансиран од UNHCR-канцеларија во Скопје, за бесплатна правна помош на бегалците во Република Македонија по наслов: Free Legal Aid to the Refugees in Rеpublic of Macedonia” Земал учество на многу семинари и конференции одржани во земјата и странство и тоа " The “European Convention on Human Rights and its Application on Asylum Seekers", organized by UNHCR B.O. - Skopje," International Course on Refugee Protection in Response to Failure of State Protection (Focus on Agents of Persecution and the Concept of Internal Protection Alternative)", organized by ECRE – London," International Human Rights Instruments for Protection of Refugees", organized by the Center for Refugees and Forced Migration Studies – Skopje," Defending Human Rights in Practice" (lecturer: Andrass Grad, PhD, for-mer Adviser of the Secretariat of the European Human Rights Commission, Adviser of the Hungarian Constitut. Court's president), organized by CSRC,"Proceedings before the European Court of Human Rights" (lecturer: Bill Bowring, PhD, legal representative in proceedings before the Strasbourg Court, Professor at the University of Essex), organized by CSRC,Семинар организран од страна на UNICEF и Совет на Европа со тема малолетничка деликвенција, International Criminal Court organized by ERA-Akademy of Europеan Law, in Germany, Обука на обучувачи организарана од Мисијата на ОБСЕ НМС /ОДДЕЛ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО, во врска со измените на зкп, на тема: Истрага, Теорија на случај, Директно испрашување, Вкрстено испрашување и Спогодување за вина.

Судија Стојанче Рибарев

Судија Стојанче Рибарев

Име и презиме:
Стојанче Рибарев
Година на избор:
2016
Област на која работи судијата:
Оддел за граѓански дела, Оддел за судење во разумен рок и Специјализиран совет по жалби против одлуки на Управен суд

Образование:

Роден 19.06.1964 год. во Штип-Република Македонија. 

На Правниот факултет во Битола  дипломира во 1987 год.

Правосуден испит положува на 12.04.1990 год. 

Има завршено курс за Англиски јазик –2 степен.

Завршено обука за работа со компјутери-Windows, MS Word & Excel.

Завршено обука за Едукатор 1 и 2 степен.

Посетувано специјалистички курс за деловно право на CEI во Будимпешта како и семинари и курсеви во РМ од областа на имотното право и заштитата на човековите права.

Работно искуство:

Од 05.10.1987 год. започнува со волонтирање во Окружниот стопански суд во Штип каде како приправник е примен на 01.02.1989 год.

По положувањето на правосудниот испит продолжува да работи како Секретар на судот.

На 30.06.1996 год. избран за Судија на Основниот суд во Штип и започнува со работа на граѓанска материја.

На 01.02.1997 год.  избран за Претседател на судот и на таа функција е  до 01.02.2000 год.

На 01.02.2000 год.  избран за член на Републичкиот судски совет и на таа функција е  до 11.07.2002 год.

На 12.07.2002 год.  избран за Судија на Апелациониот суд во Штип. За цело време работи на граѓанска материја од сите области (имотни односи, тровско право и работни односи).

На 29.12.2008 год. избран за Претседател на Апелационен суд во Штип.

Во 2002 год. учествува како консултaнт во работната група за изработка на “Судскиот информационен систем”.

Членувал во повеќе комисии за изработка на прописи.

Од 2006 год. член на Управниот одбор на Здружението на судиите на Р.Македонија.

Во текот на 2007 год.  бил член на комисиии во Министерството за правда за измени и дополнувања на Закон за медијација и за изготвување на Закон за платите на судиите.

Во текот на 2006 год. работи на проекти во Здружението на судии на РМ за донесување на Закон за плати на судиите, а во текот на 2007 год. на проект за утврдување на критериуми за оценка на работата на судиите.

Со одлука бр.02-155/8 од 16.05.2007 год. именуван е  за постојан едукатор во Академијата за обука на судии и јавни обвинители.

Со одлука на Министерот за правда бр. 09-1846/1 од 24.03.2008 год. именуван е  за член на Испитната комисија за полагање на испит за извршители по предметот Стварно право, семејно право, наследно право, облигации и катастар.

Објавени трудови и активности:

Автор е на стручни написи во Судиска ревија и Весникот “Правник” како и учесник како едукатор на семинари за судии и правници со свои трудови од областа на имотното и тровското право .

Судија Африм Фидани

Судија Африм Фидани

Име и презиме:
Африм Фидани
Година на избор:
2017
Област на која работи судијата:
Оддел за казниви дела и Оддел за судење во разумен рок

Образование:

 

По завршување на средно училиште и отслужување на воениот рок, во 1985 година се запишува на Правниот факултет на Приштинскиот универзитет. Во 1989 година дипломира на Правниот факултет.

 

Работно искуство:

 Од 1990 до 1996 година работи во просвета на работни задачи – правно административни.

 Од  1996  до 2005 година  работи  во Државниот инспекторат за труд на Република Македонија, како републички инспектор за труд област на работни односи.

 Од 2005 до 2007 година е секретар на Општина Врапчиште – Врапчиште.

 Од 2007 до 2011 година е адвокат со седиште во Гостивар.

 Од 18.07.2011 година е избран за судија во Апелациониот суд Скопје – кривичен оддел.

 Со Одлука на Судскиот совет на Република Македонија бр.08-1584/4 од 23.11.2017 година избран е за судија на Врховниот суд на Република Македонија.

Судија Цветанка Периќ

Судија Цветанка Периќ

Име и презиме:
Цветанка Периќ
Година на избор:
2019
Област на која работи судијата:
Оддел за казниви дела и и Оддел за судење во разумен рок

Образование:

Дипломирала на Правен факултет, Универзитет “Св.Кирил и Методиј“ Скопје во 1989 година.

Правосуден испит положила во Скопје во 1993 година.

 

Работно искуство:

Во периодот од 1994 година до 2005 година работела како стручен соработник и самостоен судски советник во Апелациониот суд Скопје.

Првпат била избрана за судија во Основниот суд Скопје II Скопје во 2005 година, а од 2007 година до 2009 година работела како судија во Основниот суд Скопје I Скопје на кривична материја.

Во периодот од 2006 година до 2009 година била Претседател на Одделот за кривично полнолетни и Претседател и член на Кривичен совет.

На 30.03.2011 година со одлука за избор 07-588/1 (Сл.в. на РМ бр.42/11 од 4.4.2011 година) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во кривичниот оддел.

 

Со одлука на Судскиот Совет на Република Северна Македонија бр.08-1447/2 од 11.09.2019 година е избрана за судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

 

Објавени трудови и активности:

Тренинзи и посета на едукативни семинари/работилници и друго

  • Февруари 2007 година - учество на семинар на тема: „Меѓународно јавно право“.
  • Фебруари 2007 година - учество на семинар на тема: „Право на Европска Унија“.
  • Март 2007 година - учество на семинар на тема„Меѓународно хуманитарн право“.
  • Мај 2007 година - учество на семинар на тема „Докажување и други правни прашања поврзани со примената на меѓународното хуманитарно право„
  • Мај 2007 година - „Студиска посета на меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија во Кралството Холандија“.
  • Јули 2007 година - учество на семинар на тема „Етика“
  • Септември 2007 година - учество на семинар на тема „Право на европска унија“
  • Септември 2007 година – учество на семинар „Посебности на меѓународното хуманитарно право“
  • Декември 2007година – учество на семинар на тема „Амнестиите во меѓународното хуманитарно право и практика“
  • Декември 2007 година – учество на семинар на тема „Тркалезна маса со судиите за формите на соработка по предметите отстапени од МКСПЈ“
  • Јануари 2008 година – учество на семинар на тема „Значењето на судските вештачења во кривичните предмети“
  • Февруари 2008 година – учество на семинар на тема „Постапување по барање за спроведување на истрага, раководење со главен претрес, процесни одлуки во истрага, во текот и надвор од главен претрес“
  • Мај 2008 година – учество на семинар на тема „Оценка на докази собрани од Полиција и Јавно обвинителство – увид, реконструкција и постапување со незаконити докази“
  • Мај 2008 година – учество на семинар на тема „Финансиски криминал и перење пари“
  • Декември 2008 година – учество на семинар на тема „Видови меѓународна правна помош екстрадиција и трансфер на осудени лица“
  • Мај 2009 година – учество на семинар на тема „Взаемна правна помош во кривичната област“
  • Јуни 2009 година – учество на семинар на тема „Спречување на корупцијата, судир на интереси, препознавање и надминување“
  • Септември 2009 година – учество на семинар на тема „Конфискација на имот и компензација на жртви“
  • Септември 2009 година – учество на семинар на тема „Националното и европското право за заштита на потрошувачите и договорното потрошувачко право“
  • Декември 2009 година – учество на семинар на тема „Кривични дела во врска со сексуално злоставување и насилство врз децата“
  • Декември 2009 година – учество на семинар на тема „Основни карактеристики на кривичните дела, компјутерски криминал и проблеми при негово препознавање“
  • Од 2005-2007 учество на семинари од кривично право
  • Од1994-2005 учество на семинари од разни области

 

Судија  д-р Мирјана Лазарова Трaјковска

Судија  д-р Мирјана Лазарова Трaјковска

Име и презиме:
д-р Мирјана Лазарова Трaјковска
Година на избор:
2020
Област на која работи судијата:
Оддел за казниви дела и Оддел за судење во разумен рок

Образование:

Дипломирала на Правен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј"- Скопје, (1986 година), положила Правосуден испит (1992 година), Магистер по право (2007 година), и Доктор на правни науки, Правен факултет, Универзитет во Љубљана, Р. Словенија (2012 година).

Зборува англиски, француски и повеќе словенски јазици.

Работно искуство:

1988-1999  Работела на повеќе работни места во МВР на РМ поврзани со застапување пред надлежните судови во граѓански и кривични постапки како и на повеќе работни места на кои работела на управни постапки.

1999-2001  Помошник Министер за управни работи при МВР на Република Македонија.

2001-2003 Раководител на Директоратот за човекови права при Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

2002-2003 Претседател на Државната изборна Комисија на Република Македонија.

2003-2008  Судија во Уставниот суд на Република Македонија.

Oд ноември 2015-февруари 2017 Претседател на Прва Секција во ЕСЧП – Стразбур.

Од февруари 2008-февруари 2017, Судија, Eвропскиот суд за човековите права во Стразбур, (ЕСЧП).

Со одлука на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.09-289/1 од 07.02.2020 година е избранa за судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Објавени трудови и активности:

1995-2006 Член на Комитетот на експерти за државјанство (CJ-NA), и член на работната група одговорна за изготвување на Европската Конвенција за државјанство (CJ-NA-GT) и експерт на Советот на Европа во три регионални експертски состаноци во врска со законодавството за државјанството во земјите членки на Дејтонските договори (1996).

2001-2003 Член на Управниот Комитет за човекови права при Советот на Европа и на Комитетот за подобрување на управните и судските постапки, Совет на Европа.

2004-2008 Член на Европската Комисија за демократија преку правото (Венецијанска Комисија), а од 2006-2008 Заменик Председател на Советот за демократски избори.

2018 Правен Советник на Венецијанската Комисија и ПС на Советот на Европа за претседателските избори во Црна Гора и Турција и за општите избори во Босна и Херцеговина; Шеф на Мисијата на OSCE ODIHR за оценка на парламентарните избори во Естонија (2007);  Член на мисијата на OSCE ODIHR за оценка на изборите за Конгресот и Сенатот во USA (2006).

Од 2017 држела предавања на повеќе странски универзитети (Емори Универзитет, Правен факултет, Атланта САД, 2018; Универзитетот Renmin во Пекинг 2018; Правен факултет на Универзитетот во Birmingham, Велика Британија, 2017; Правен факултет при Католичкиот Универзитет во Lille, Франција, 2017).

Од 2017 до година до 2020 година, обучувала судии од земјите членки на Европската Унија, како и од земјите од источна и централна Европа во врска со судската пракса на Европскиот суд за човековите права, и била ангажирана како експерт за Советот на Европа, Венецијанска Комисија (Комисија за демократија преку правото), AIRE Cеnter од Лондон, OSCE.

Објавила голем број на публикации, текстови и анализи од областа на човековите права, уставното право и изборно право.

 

Судија м-р Сафет Кадрии

Судија м-р Сафет Кадрии

Име и презиме:
м-р Сафет Кадрии
Година на избор:
2020
Област на која работи судијата:
Оддел за казниви дела и Оддел за судење во разумен рок

Образование:

Дипломирал на Правниот факултет во Приштина на 9.6.1990 г.

На 20.2.2001 г. положил правосуден испит во Скопје.

На 10.7.2008 г. магистрирал на Правниот факултет во Приштина, кривично-правен смер со магистарски труд на тема „Начелото на законитост во кривичното право“.

Работно искуство:

Во периодот од 10.7.1990 г. до 31.12.1992 г. работел како секретар на Земјоделска задруга „Братство“ во с.Желино, Тетово.

Во периодот од 1.1.1993 г. до 31.1.1996 г. бил директор на ДОО „Агростримница”, Тетово.

Од 22.7.1996 г. до 24.9.2000 г. работел како помошник директор во Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, Скопје.

Од 18.8.1999 г. бил заменик член во Државната изборна комисија, Скопје.

Од 12.6.2001 г. до 31.10.2003 г. бил државен секретар во Министерството за правда на Република Македонија.

Од 1.11.2003 г. работел како државен советник во Уставниот суд на Република Македонија, а во текот на 2005 г. и 2006 г. бил портпарол на Судот.

На 25.6.2009 г. е избран за судија во Апелациониот суд со одлука за избор бр.07-1492/1 од 25.6.2009 г. и постапува по предмети во кривичниот отсек, член е на Кривичниот совет во Судот и е определен да го заменува Претседателот на Судот во негово отсуство.

Судијата е одговорно лице за односи со јавноста за прашања во врска со предмети од кривична област.

Со  одлука на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.09-290/1 од 07.02.2020 година е избран за судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Објавени трудови и активности:

Сертификат за постигање успешно учество во  IFES Студискиот Престој во Албанија, 21–27 Јуни 2001 – издадено од Амбасадата на Соединетите Американски Држави и УСАИД;

Сертификат за постигање на успешно завршување на Студиски престој за изборниот процес во Република Албанија– издадено од Меѓународната Фондација за Изборните Системи (IFES).

Судија Наке Георгиев

Судија Наке Георгиев

Име и презиме:
Наке Георгиев
Година на избор:
2020
Област на која работи судијата:
Оддел за граѓански дела и Оддел за судење во разумен рок

Образование:

Роден на 13.06.1963 година во Струмица.

Дипломирал на Правен Факултет во Битола на 07.07.1987 година .

Правосуден испит положил на 10.12.1990 година.

 

Работно искуство:

 

На 08.10.1987 година се вработил во ЈЗО Природно лекувалиште и медицинска рехабилитација Бања Банско- Банско.

За судија во Основен суд Струмица е избран на 24.09.1997 година, а на 15.06.2004 година е избран за судија на Апелационен суд во Штип.

Судијата работел на Граѓанска област.

На 23.11.2017 е избран за Претседател на Апелационен суд Штип.

Со  одлука на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.09-291/1 од 07.02.2020 година е избран за судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • Известување за јавност

    Соопштенија за јавност  | 24.9.2020
    Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 23 септември 2020 година, одлучи по предметот заведен под КВП2бр.114/19, коj е оформен по поднесени барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од бранителите на осудениот Сеад Кочан од Скопје. [повеќе]
  • Соопштение за јавност

    Соопштенија за јавност  | 23.9.2020
    ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, м-р Фаик Арслани на 22 септември 2020 година, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Анке Холштајн. [повеќе]
  • Соопштение за јавност

    Соопштенија за јавност  | 21.9.2020
    ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, м-р Фаик Арслани на 18 септември 2020 година, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, оствари средба со амбасадорот на Република Австрија, Н.Е. д-р Георг Вуцас. [повеќе]

Сите вести