За судиите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

За судиите

ВД Претседател м-р Фаик Арслани 

Образование:

Роден на 17.01.1959 година во с. Добридол –Гостиварско. Од 1978-79 година до 1982-83 година студент при Правниот факултет во Нови Сад, САП Војводина, СФРЈ Југославија.

Работно искуство:

Од 1.06.1984 година до 4.07.1988 година - вработен во Опшинското јавно обвинителство – Гостивар. Од 5.07.1988 година до 30.06.1996 година - претседател на Општинскиот суд за прекршоци – Гостивар. Од 1.07.1996 година до 12.05.2001 година - судија при Основниот суд Гостивар. Од 13.05.2001 година до 30.06.2003 година - Министер за Локална самоуправа при Владата на Република Македонија. Од 1.07.2003 година до 31.07.2008 година –адвокат со седиште во Гостивар , регистриран при Адвокатска комора на РМ. Од 1.08.2008 година – член на Советот на јавните обвинители на РМ избран со Одлука на Собранието на РМ, објавен во Сл. Весник бр.96 од 31.07.2008 година. Од 09.10.2009 година на правниот факултет во Приштина се стекнал со диплома за посдипломски судии и со степен на наобразба м-р по правни –управни науки. Од септември 2010 година судија на Врховниот суд на Република Македонија.

На 11.09.2019 со одлука бр.02-1454/1 од страна на Судскиот Совет на Република Северна Македонија е избран за вршител на должноста  Претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Судиите

Судија Васил Грчев

Судија Васил Грчев

Име и презиме:
Васил Грчев
Година на избор:
2001
Област на која работи судијата:
Оддел за граѓански дела, Оддел за судење во разумен рок и Специјализиран совет по жалби против одлуки на Управен суд

Образование:

Роден е на 28.02.1959 година во Струмица. По завршувањето на основното и средното образование, се запишал на Правниот факултет во Скопје.

Работно искуство:

По дипломирањето на Факултетот и отслужувањето на воениот рок се вработил во Општинскиот суд во Струмица, каде што бил избран за судија и како таков работел се до 1996 година. Во 1996 година е избран за градоначалник на Општина Струмица, а во меѓувреме е именуван за директор и советник за правни работи во Регионалниот центар на Македонски телекомуникации во Струмица. Во декември 2001 година е избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија. До 2002 година работел како судија во одделот за управни спорови, а потоа во одделот за граѓански дела. За член на Судскиот совет е избран на 16.12.2006 година и таа функција на обавува се до 17.12.2012 година. Во периодот од 02.02.2009 година до 02.02.2011 година ја обавувал функцијата Претседател на Судкиот совет. Од 17.12.2012 година повторно ја обавува функцијата судија на Врховен суд.

Судија Николчо Николовски

Судија Николчо Николовски

Име и презиме:
Николчо Николовски
Година на избор:
2002
Област на која работи судијата:
Оддел за граѓански дела и Оддел за судска практика - Претседател на оддел

Образование:

Роден на 14.12.1955 година во Скопје. Во 1980 година дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Правосуден испит положил 1986 година во Скопје.

Работно искуство:

Избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија на 11.7.2002 година. Работел како самостоен правен референт во РО Македонијаспорт Скопје во период од 1982-1985 година; во 1985-1986 година како секретар на Млад Борец-весник на ССММ; од 1986 до 1989 година како директор на Сектор за правни, општи и кадровски работи во РО Црвена Ѕвезда Скопје и од 1989 година до изборот за судија во Врховниот суд на Република Македонија, како директор на Сектор за правни, општи и кадровски работи во ТД Макошпед АД Скопје, каде воедно обавувал и функција на неизвршен член на Одборот на директори во ТД Макошпед АД Скопје и во АД за осигурување Макошпед Осигурување Скопје.  Женет, татко на две деца.

Објавени трудови и активности:

Во 2000 година избран за заменик член на Државната изборна комисија. Во 2002 година избран за член на Државната изборна комисија од редот на судиите на Врховниот суд на Република Македонија. Активен член на Управниот одбор на Здружението на правниците од стопанството на Република Македонија во три мандата, првпат избран 1992, 1996 и 2000 година. Во периодот од 1988 до 1992 година, секретар на претседателството на Сојузот на здруженијата на правниците на Македонија. Има посетувано повеќе семинари и работилници од областа на Трговското право, како активен учесник со свои трудови.

Судија Јово Вангеловски

Судија Јово Вангеловски

Име и презиме:
Јово Вангеловски
Година на избор:
2017
Област на која работи судијата:
Оддел за казниви дела - Претседател на оддел и Оддел за судска практика

Образование:

Роден на 01.02.1960 година во Скопје Националност: Македонец

Податоци за образование: Дипломирал на Правниот факултет во Скопје 15.11.1982 година

Правосудниот испит го положил на 13.04.1983 година

Работно искуство:

Професионално искуство: Од 1 февруари 1983 до 31 август 1986 година работи како стручен соработник во Окружниот стопански суд Скопје.

Од 1 септември 1986 до 20 мај 2008 година работи како адвокат во повеќе правни области, во почетокот на кариерата стопанска и граѓанска материја, во последните 10 години успешно работење на кривични предмети.

На 20 мај 2008 година избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија, каде работи во Одделот за граѓански дела.

На 17 јули 2008 година избран за Претседател на Врховниот суд на Република Македонија. Функцијата Претседател на Врховниот суд на Република Македонија ја извршува до 17.07.2012 година.

Во периодот што следи работи во Одделот за казниви дела и во Одделот за разумен рок во Врховниот суд на Република Македонија.

На 13.03.2017 со одлука бр.08-427/1 од страна на Судскиот Совет на Република Македонија е избран за  Претседател на Врховниот суд на Република Македонија.

Објавени трудови и активности:

Во работењето како адвокат и судија на Врховниот суд, учествувал на повеќе меѓународни конференции и семинари во земјата и странство.

Како Претседател на Врховниот суд на Република Македонија (ex officio) член на Судскиот совет на Република Македонија, Заменик претседател на Судскиот буџетски совет и член на Управниот комитет на Академијата за обука на судии и јавни обвинители .

Судија Мирјана Радевска Стефкова

Судија Мирјана Радевска Стефкова

Име и презиме:
Мирјана Радевска Стефкова
Година на избор:
2009
Област на која работи судијата:
Оддел за граѓански дела - Претседател на оддел и Оддел за судска практика

Образование:

Родена на 23.08.1960 год во Скопје. Основно и средно образование завршено во Скопје. Високо образование-Правен факултет, правосудна насока, од 1978 до 1983 година на Универзитетот “Кирил и Методиј“ Скопје.

Работно искуство:

По дипломирањето на Правниот факултет во Скопје, од 1983 година вработена во Окружниот стопански суд во Скопје, како приправник. По полагање на правосудниот испит во 1984 година распоредена на работно место - стручен соработник во истиот суд. Од 1 јули 1996 година избрана за судија во Основниот суд Скопје II Скопје, распоредена во Одделот за трговски спорови. Во мај 2009 година, избрана за судија на Врховниот суд на Република Македонија.

Објавени трудови и активности:

 Учество на семинари: -семинар за интелектуална сопственост, организиран од IDLO-International Development Law Organization, одржан во Скопје во 2007 година. -семинар за трговско право,организиран од Академијата за обука на судии и јавни обвинители во соработка со проектот CARDS 2004, во 2007 година. -семинар за судска соработка во Европската унија-граѓанско и трговско правна материја во Брисел, во 2008 година, организиран од Европската комисија-Генерален директорат за проширување. -семинар за конкурентско право,организиран од OECD-Регионален центар за конкуренција во Унгарија, одржан во Будимпешта во 2008 година. Странски јазици: француски и англиски.

Судија Беса Адеми

Судија Беса Адеми

Име и презиме:
Беса Адеми
Година на избор:
2009
Област на која работи судијата:
Оддел за граѓански дела, Специјализиран совет по жалби против одлуки на Управен суд и Оддел за судска практика

Образование:

Родена е на 23.1.1964 г. во Скопје. Живее во Скопје. По националност е албанка. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1990 г. Правосуден испит положила во Скопје на 8.4.1993 г.

Работно искуство:

На 15.12.1990 г. започнала да работи како приправник-волонтер во тогашниот Окружен суд Скопје, а од 8.2.1994 г. била стручен соработник во истиот суд. Во периодот од 9.12.1999 г. до 14.6.2004 г. работела како заменик јавен правобранител на РМ во Јавното правобранителство на РМ. На 15.6.2004 г. со одлука за избор 07-2592/1 (Сл.в. на РМ бр. 38/04 од 17.6.2004 г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел. На 7.7.2009 година е избранa за судија на Врховниот суд на Република Македонија. Има солидно познавање на англиски јазик. Искуство во работа со компјутери има во word. Член е на комисија за правосуден испит.

Судија Ристо Катевеновски

Судија Ристо Катевеновски

Име и презиме:
Ристо Катевеновски
Година на избор:
2009
Област на која работи судијата:
Оддел за казниви дела

Образование:

Роден е на 25.1.1957 г. во Скопје. Живее во Скопје. По националност е македонец. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1984 г. Правосуден испит положил во Скопје во април 1987 г. 

Работно искуство:

Од 1.1.1986 г. работел како приправник и стручен соработник во тогашниот Општински суд за прекршоци Скопје. Првпат бил избран за судија во Основен суд Скопје I Скопје на 27.6.1996 г. До јануари 2003 г. судел во истражно одделение, а потоа бил кривичен судија се до февруари 2006 г. од кога постапувал по прекршочни предмети. На 11.2.2008 г. со одлука за избор 07-316/1 (Сл.в. на РМ бр.22/08 од 14.2.2008 г.) е избран за судија во Апелациониот суд Скопје каде што постапува по предмети во кривичниот оддел.

Објавени трудови и активности:

Учествувал на повеќе семинари во земјата и странство. Во Академијата за обука на судии и јавни обвинители е избран за ментор во областа на кривичното право. На 19.11.2009 година е избран за судија на Врховниот суд на Република Македонија.

Судија Емилија Илиевска

Судија Емилија Илиевска

Име и презиме:
Емилија Илиевска
Година на избор:
2010
Област на која работи судијата:
Оддел за граѓански дела и Оддел за судење во разумен рок

Образование:

Родена во Скопје на 28.10.1962 година. Образование: Дипломиран правник со завршен Правен факулет во Скопје - 27.03.1987 година; Положен правосуден испит во Скопје - 18.10.1989 година. 

Работно искуство:

Работно искуство: Приправник - волентер во Општинско јавно обвинителство во Скопје и во Општински суд Скопје II во Скопје од 1987 година до 1989 година; Стручен соработник во Општински суд Скопје I од 1989 година до 1996 година; Судија на Основен суд Скопје I во Скопје од 27.06.1996 година до 18.04.2007; Судија на Основен суд Скопје II Скопје до 31.10.2007 година; Судија на Управен суд од 31.10.2007 година до 13.09.2010 година, кога е избрана за судија на Врховниот суд на Република Македонија.

Објавени трудови и активности:

Други ангажмани и усовршување: Во организација на Constitutional & Legilslative COLPI Policy Institute Affiliated with the Open Sosiety Institute има завршено COLPI - CEU LEGAL STUDIES DEPARTMENT 1997 Course of The Business Law; Во рамките на проектот Техничка помош за поддршка на формирањето на Институт за обука на Правосудството има учество во Pilot Training Seminar in EU Law; Во организација на Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија завршена Првична интензивна обука на судиите избрани во Управен суд; Со поддршка на Амбасадата на Република Франција во Република Македонија, во рамките на Проектот за билатерална македонско - француска соработка во областа на правдата и едукацијата на судиите и јавните обвинители, учество на семинар на тема „Европската димензија и предизвици на управното судство во Република Франција и Република Македонија“; Во организација на Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија и UNHCR учество на семинарот - Вовед во правото на бегалци I: Суштинска анализа и процедурални гаранции кај барањата за азил; Во организација на Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија и Германската фондација за меѓународна правна соработка учество на семинар со теми: Развој на правото од страна на управните судови: примена на општи принципи и одлуки на случаи без експлицитни решенија во пишаните закони; Практични искуства во Македонија и во Европската Унија, со посебен осврт на СР Германија и Република Чешка; Генерални начела на избирачкото право и нивна практична имплементација; Искуства од судската пракса во Македонија, Германија и Република Чешка како и учество на тренингот за националното и Европското право за јавните набавки; Информативна посета во Германија на тема „Практика на управното судство во Германија“; Во организација на ТАIEX програмата учество на семинар - работилница во Будимпешта на тема „Asilium and migration low for judges workshop“.

Судија  м-р Фаик Арслани

Судија  м-р Фаик Арслани

Име и презиме:
м-р Фаик Арслани
Година на избор:
2010
Област на која работи судијата:
Оддел за казниви дела - Претседател на оддел и Оддел за судска практика

Образование:

Роден на 17.01.1959 година во с. Добридол –Гостиварско. Од 1978-79 година до 1982-83 година студент при Правниот факултет во Нови Сад, САП Војводина, СФРЈ Југославија.

Работно искуство:

Од 1.06.1984 година до 4.07.1988 година - вработен во Опшинското јавно обвинителство – Гостивар. Од 5.07.1988 година до 30.06.1996 година - претседател на Општинскиот суд за прекршоци – Гостивар. Од 1.07.1996 година до 12.05.2001 година - судија при Основниот суд Гостивар. Од 13.05.2001 година до 30.06.2003 година - Министер за Локална самоуправа при Владата на Република Македонија. Од 1.07.2003 година до 31.07.2008 година –адвокат со седиште во Гостивар , регистриран при Адвокатска комора на РМ. Од 1.08.2008 година – член на Советот на јавните обвинители на РМ избран со Одлука на Собранието на РМ, објавен во Сл. Весник бр.96 од 31.07.2008 година. Од 09.10.2009 година на правниот факултет во Приштина се стекнал со диплома за посдипломски судии и со степен на наобразба м-р по правни –управни науки. Од септември 2010 година судија на Врховниот суд на Република Македонија.

Судија Јелица Крстевска

Судија Јелица Крстевска

Име и презиме:
Јелица Крстевска
Година на избор:
2011
Област на која работи судијата:
Оддел за граѓански дела, Оддел за судење во разумен рок и Специјализиран совет по жалби против одлуки на Управен суд

Образование:

 

Родена на 17.05.1961 година во Крива Паланка. Живее во Скопје.

Дипломирала на Правниот факултет при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје на 22.03.1984 година.

Правосудниот испит го положила на 22.10.1987 година.

Работно искуство:

Од 07.07.1986 година до 22.10.1987 година приправник во Окружен суд Скопје.

Од 22.10.1987 година до 01.07.1996 година стручен соработник во граѓански оддел во Окружен суд Скопје.

На 01.07.1996 година избрана за судија во Основен суд Скопје II Скопје.

На 01.11.2007 година избрана за судија во Управен суд на Република Македонија.

На 15.07.2011 година избрана за судија на Врховниот суд на Република Македонија.

На 18.12.2012 година е избрана за член на Судски совет на Република Македонија.

Во јануари 2014 година назначена за член на Управен одбор на Академија за судии и јавни обвинители.

На 05.02.2014 година избрана за заменик претседател на Управен одбор на Академија за судии и јавни обвинители, која функција ја извршува до септември 2018 година.

По истек на 6 годишен мандат на член на Судски совет на Република Македонија на 18.12.2018 година, продолжува да ја извршува судиската функција во Врховниот суд на Република Македонија.

 

Судија Лидија Неделкова

Судија Лидија Неделкова

Име и презиме:
Лидија Неделкова
Година на избор:
2012
Област на која работи судијата:
Оддел за граѓански дела и Оддел за судење во разумен рок

Образование:

-             

 

          во  1987 година положен правосуден испит;

-          во  1984 година дипломира на Правниот факултет во Скопје.

 

Работно искуство:

-        на ден 04.12.2012 година е избрана и ја врши функцијата Претседател на Врховниот суд на Република Македонија;

-        во март 2012 година е избрана за судија на Врховниот суд на Република Македонија;

-        во јули 2009 година е избрана за Претседател на Основниот суд Скопје I Скопје;

-        од 01.04.2007 година, согласно новиот Закон за судовите, работи како судија во Основниот суд Скопје I Скопје и тоа во Одделението за организиран криминал и корупција;

-        во јуни 1996 година е избрана за судија на Основниот суд Скопје II Скопје, каде работи во Кривичниот оддел;

-        во 1986 година се вработува како приправник, а потоа како стручен соработник во Окружниот суд Скопје , се до 1996 година работи во Кривичниот Оддел и кривичниот совет на тој суд.

Објавени трудови и активности:

-        од 2007 година е едукатор во Академијата за судии и јавни обвинители;

-        од страна на Академијата за судии и јавни обвинители е ангажирана како домашен експерт во одржување на повеќе предавања на тема фер судења, тортура и притвор по член 3, член 5 и член 6 од Европската конвенција за човекови права, под покровителство на Советот на Европа, како и на тема улогата на бранителите во примената на стандардите на фер судење во кривичната постапка;

 

-        континуиран едукатор за примена на новиот Закон за кривична постапка.

 

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • Средба со Ана Зец, шеф на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје

    Новости  | 29.8.2019
    Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, на 27 август 2019 година, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, оствари средба со г-а Ана Зец, шеф на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје. [повеќе]
  • СООПШТЕНИЕ

    Известувања  | 14.8.2019
    Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 14 август 2019 година, донесе решение по предметот заведен под Кр.бр.30/2019 со кое го потврди решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје КИОК-КС.бр.252/19 од 07.08.2019 година, кој одлучил дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на лицето Т.М., државјанин на Велика Британија и на Република Косово. [повеќе]

Сите вести