Оддел за граѓански дела - Претседател на оддел и Оддел за судска практика
Образование:
Родена е на 23.1.1964 г. во Скопје. Живее во Скопје. По националност е албанка. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1990 г. Правосуден испит положила во Скопје на 8.4.1993 г.
Работно искуство:
На 15.12.1990 г. започнала да работи како приправник-волонтер во тогашниот Окружен суд Скопје, а од 8.2.1994 г. била стручен соработник во истиот суд. Во периодот од 9.12.1999 г. до 14.6.2004 г. работела како заменик јавен правобранител на РМ во Јавното правобранителство на РМ. На 15.6.2004 г. со одлука за избор 07-2592/1 (Сл.в. на РМ бр. 38/04 од 17.6.2004 г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел. На 7.7.2009 година е избранa за судија на Врховниот суд на Република Македонија. Има солидно познавање на англиски јазик. Искуство во работа со компјутери има во word. Член е на комисија за правосуден испит.
На 12.02.2021 со одлука бр.09-309/1 од страна на Судскиот Совет на Република Северна Македонија е избрана за Претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
На 12.03.2021 година претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија даде свечена изјава пред претседателот и членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
Судиите
Судија Наке Георгиев
Судија Наке Георгиев
Име и презиме:
Наке Георгиев
Година на избор:
2020
Област на која работи судијата:
Оддел за граѓански дела
Образование:
Роден на 13.06.1963 година во Струмица.
Дипломирал на Правен Факултет во Битола на 07.07.1987 година .
Правосуден испит положил на 10.12.1990 година.
Работно искуство:
На 08.10.1987 година се вработил во ЈЗО Природно лекувалиште и медицинска рехабилитација Бања Банско- Банско.
За судија во Основен суд Струмица е избран на 24.09.1997 година, а на 15.06.2004 година е избран за судија на Апелационен суд во Штип.
Судијата работел на Граѓанска област.
На 23.11.2017 е избран за Претседател на Апелационен суд Штип.
Со одлука на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.09-291/1 од 07.02.2020 година е избран за судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
Судија Анита Бошковска
Судија Анита Бошковска
Име и презиме:
Анита Бошковска
Година на избор:
2023
Област на која работи судијата:
Оддел за граѓански дела и Оддел за судење во разумен рок
Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе одржи седница на Одделот за граѓански дела на ден 18.06.2024 година (вторник), со почеток во 12,00 часот, со следниот предлог на
[повеќе]
Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната јавна седница на ден 12.06.2024 година одлучи по предметот ВКЖ1-29/24, оформен по жалба на обвинетиот С.А., изјавена преку бранителот Митко Солаков, адвокат од Скопје.
[повеќе]
Преку националната платформа за интероперабилност во Врховниот суд подготвени се нови сервиси за размена на податоци кои граѓаните ги побаруваат во врска со остварувањето на нивните социјални права, кои наскоро ќе бидат ставени во функција.
[повеќе]