За судиите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

За судиите

Претседател

CV на Претседател

Судија Беса Адеми

Име и презиме:
Беса Адеми
Година на избор:
2009
Област на која работи судијата:
Оддел за граѓански дела - Претседател на оддел и Оддел за судска практика

Образование:

Родена е на 23.1.1964 г. во Скопје. Живее во Скопје. По националност е албанка. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1990 г. Правосуден испит положила во Скопје на 8.4.1993 г.

Работно искуство:

На 15.12.1990 г. започнала да работи како приправник-волонтер во тогашниот Окружен суд Скопје, а од 8.2.1994 г. била стручен соработник во истиот суд. Во периодот од 9.12.1999 г. до 14.6.2004 г. работела како заменик јавен правобранител на РМ во Јавното правобранителство на РМ. На 15.6.2004 г. со одлука за избор 07-2592/1 (Сл.в. на РМ бр. 38/04 од 17.6.2004 г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел. На 7.7.2009 година е избранa за судија на Врховниот суд на Република Македонија. Има солидно познавање на англиски јазик. Искуство во работа со компјутери има во word. Член е на комисија за правосуден испит.

На 12.02.2021 со одлука бр.09-309/1 од страна на Судскиот Совет на Република Северна Македонија е избрана за Претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија. 

На 12.03.2021 година претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија даде свечена изјава пред претседателот и членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Судиите

Судија м-р Снежана Бајлозова

Судија м-р Снежана Бајлозова

Име и презиме:
м-р Снежана Бајлозова
Година на избор:
2016
Област на која работи судијата:
Оддел за граѓански дела и Оддел за судска практика - Претседател на оддел

Образование:

Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 20.3.1981 година.

Правосуден испит положила во Скопје на 22.10.1982 г.

Во месец ноември 2014 година магистрира на факултетот Американ колеџ во Скопје и се здобива со звање магистар по деловно право. 

Има познавања од англиски јазик, како и од работа со компјутери.

Работно искуство:

Веднаш по дипломирањето од 1.9.1981 г. била примена на работа во тогашниот Окружен суд Скопје како приправник, а во 1982 г. се стекнала со звање стручен соработник во истиот суд и работела на предмети и од граѓанска и од кривична материја.

 Од 1.4.1986 г., по пат на спогодба преминала на работа во Врховен суд на Република Македонија, кадешто како стручен соработник работела исклучиво на предмети од граѓанска материја.
 
Првпат била избрана за судија во Основен суд Скопје I Скопје на 16.11.1987 г. каде се до 1996 г. работела на предмети од граѓанска материја, а потоа се до 2008 г. работела на предмети од кривична материја.

Од 2004 г. до 2007 г. била член на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје I Скопје, а потоа од крајот на 2007 г. до мај 2008 г. и претседател на Кривичниот совет во истиот суд.

На 20.5.2008 г. со одлука за избор 07-1185/1 (Службен весник  на РМ бр.66/05 од 28.5.2008 г.) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје каде што постапува по предмети во Трговскиот оддел.

Со одлука на Судскиот Совет на РМ  бр. 08-1388/1 од 05.09.2016 година избрана е за судија во Врховниот суд на Република Македонија.

Со одлука на Судскиот Совет на РМ бр.02-1928/1 од 05.12.2016 година избрана е за вршител на должност - Претседател на Врховниот суд на Република Македонија 

Објавени трудови и активности:

Како првостепен судија учествувала на сите семинари кои биле организирани во РМ, било од граѓанската било од кривичната област. Била претставник на РМ и на семинари организирани од Советот на Европа во Букурешт, Мадрид, Виена и Тирана, а кои се однесувале на состојбите во судството во РМ и Организираниот криминал. За овие учества поседува и безброј признаници – сертификати.

Во 2006 г. е избрана за претседател на Основната организација на Здружението на судии при Основниот суд Скопје I Скопје, каде останува се од изборот за судија во Апелационен суд Скопје.
 
Од страна на Академијата за обука на судии и јавни обвинители во 2008 г. е определена за ментор од кривична област.

Во периодот од 1996 г. до 2004 г. учествувала во сите избори во Република Македонија и тоа и како претседател и како член на изборна комисија.

Во 2009 г. од страна на Академијата за обука на судии и јавни обвинители е определена за ментор за изведување на практична обука на втората генерација на кандидати за судии и јавни обвинители од граѓанската област.

​Од страна на Судскиот совет на РМ има дозвола за предавање на наведениот факултет од областа за која што магистрирала. 

Судија Стојанче Рибарев

Судија Стојанче Рибарев

Име и презиме:
Стојанче Рибарев
Година на избор:
2016
Област на која работи судијата:
Оддел за граѓански дела

Образование:

Роден 19.06.1964 год. во Штип-Република Македонија. 

На Правниот факултет во Битола  дипломира во 1987 год.

Правосуден испит положува на 12.04.1990 год. 

Има завршено курс за Англиски јазик –2 степен.

Завршено обука за работа со компјутери-Windows, MS Word & Excel.

Завршено обука за Едукатор 1 и 2 степен.

Посетувано специјалистички курс за деловно право на CEI во Будимпешта како и семинари и курсеви во РМ од областа на имотното право и заштитата на човековите права.

Работно искуство:

Од 05.10.1987 год. започнува со волонтирање во Окружниот стопански суд во Штип каде како приправник е примен на 01.02.1989 год.

По положувањето на правосудниот испит продолжува да работи како Секретар на судот.

На 30.06.1996 год. избран за Судија на Основниот суд во Штип и започнува со работа на граѓанска материја.

На 01.02.1997 год.  избран за Претседател на судот и на таа функција е  до 01.02.2000 год.

На 01.02.2000 год.  избран за член на Републичкиот судски совет и на таа функција е  до 11.07.2002 год.

На 12.07.2002 год.  избран за Судија на Апелациониот суд во Штип. За цело време работи на граѓанска материја од сите области (имотни односи, тровско право и работни односи).

На 29.12.2008 год. избран за Претседател на Апелационен суд во Штип.

Во 2002 год. учествува како консултaнт во работната група за изработка на “Судскиот информационен систем”.

Членувал во повеќе комисии за изработка на прописи.

Од 2006 год. член на Управниот одбор на Здружението на судиите на Р.Македонија.

Во текот на 2007 год.  бил член на комисиии во Министерството за правда за измени и дополнувања на Закон за медијација и за изготвување на Закон за платите на судиите.

Во текот на 2006 год. работи на проекти во Здружението на судии на РМ за донесување на Закон за плати на судиите, а во текот на 2007 год. на проект за утврдување на критериуми за оценка на работата на судиите.

Со одлука бр.02-155/8 од 16.05.2007 год. именуван е  за постојан едукатор во Академијата за обука на судии и јавни обвинители.

Со одлука на Министерот за правда бр. 09-1846/1 од 24.03.2008 год. именуван е  за член на Испитната комисија за полагање на испит за извршители по предметот Стварно право, семејно право, наследно право, облигации и катастар.

Објавени трудови и активности:

Автор е на стручни написи во Судиска ревија и Весникот “Правник” како и учесник како едукатор на семинари за судии и правници со свои трудови од областа на имотното и тровското право .

Судија Африм Фидани

Судија Африм Фидани

Име и презиме:
Африм Фидани
Година на избор:
2017
Област на која работи судијата:
Оддел за казниви дела, Оддел за судење во разумен рок и Специјал. совет по жалби против одлуки на Управен суд

Образование:

 

По завршување на средно училиште и отслужување на воениот рок, во 1985 година се запишува на Правниот факултет на Приштинскиот универзитет. Во 1989 година дипломира на Правниот факултет.

 

Работно искуство:

 Од 1990 до 1996 година работи во просвета на работни задачи – правно административни.

 Од  1996  до 2005 година  работи  во Државниот инспекторат за труд на Република Македонија, како републички инспектор за труд област на работни односи.

 Од 2005 до 2007 година е секретар на Општина Врапчиште – Врапчиште.

 Од 2007 до 2011 година е адвокат со седиште во Гостивар.

 Од 18.07.2011 година е избран за судија во Апелациониот суд Скопје – кривичен оддел.

 Со Одлука на Судскиот совет на Република Македонија бр.08-1584/4 од 23.11.2017 година избран е за судија на Врховниот суд на Република Македонија.

Судија Цветанка Периќ

Судија Цветанка Периќ

Име и презиме:
Цветанка Периќ
Година на избор:
2019
Област на која работи судијата:
Оддел за казниви дела - Претседател на оддел и Оддел за за судска практика

Образование:

Дипломирала на Правен факултет, Универзитет “Св.Кирил и Методиј“ Скопје во 1989 година.

Правосуден испит положила во Скопје во 1993 година.

 

Работно искуство:

Во периодот од 1994 година до 2005 година работела како стручен соработник и самостоен судски советник во Апелациониот суд Скопје.

Првпат била избрана за судија во Основниот суд Скопје II Скопје во 2005 година, а од 2007 година до 2009 година работела како судија во Основниот суд Скопје I Скопје на кривична материја.

Во периодот од 2006 година до 2009 година била Претседател на Одделот за кривично полнолетни и Претседател и член на Кривичен совет.

На 30.03.2011 година со одлука за избор 07-588/1 (Сл.в. на РМ бр.42/11 од 4.4.2011 година) е избрана за судија во Апелациониот суд Скопје, каде постапува по предмети во кривичниот оддел.

 

Со одлука на Судскиот Совет на Република Северна Македонија бр.08-1447/2 од 11.09.2019 година е избрана за судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

 

Објавени трудови и активности:

Тренинзи и посета на едукативни семинари/работилници и друго

  • Февруари 2007 година - учество на семинар на тема: „Меѓународно јавно право“.
  • Фебруари 2007 година - учество на семинар на тема: „Право на Европска Унија“.
  • Март 2007 година - учество на семинар на тема„Меѓународно хуманитарн право“.
  • Мај 2007 година - учество на семинар на тема „Докажување и други правни прашања поврзани со примената на меѓународното хуманитарно право„
  • Мај 2007 година - „Студиска посета на меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија во Кралството Холандија“.
  • Јули 2007 година - учество на семинар на тема „Етика“
  • Септември 2007 година - учество на семинар на тема „Право на европска унија“
  • Септември 2007 година – учество на семинар „Посебности на меѓународното хуманитарно право“
  • Декември 2007година – учество на семинар на тема „Амнестиите во меѓународното хуманитарно право и практика“
  • Декември 2007 година – учество на семинар на тема „Тркалезна маса со судиите за формите на соработка по предметите отстапени од МКСПЈ“
  • Јануари 2008 година – учество на семинар на тема „Значењето на судските вештачења во кривичните предмети“
  • Февруари 2008 година – учество на семинар на тема „Постапување по барање за спроведување на истрага, раководење со главен претрес, процесни одлуки во истрага, во текот и надвор од главен претрес“
  • Мај 2008 година – учество на семинар на тема „Оценка на докази собрани од Полиција и Јавно обвинителство – увид, реконструкција и постапување со незаконити докази“
  • Мај 2008 година – учество на семинар на тема „Финансиски криминал и перење пари“
  • Декември 2008 година – учество на семинар на тема „Видови меѓународна правна помош екстрадиција и трансфер на осудени лица“
  • Мај 2009 година – учество на семинар на тема „Взаемна правна помош во кривичната област“
  • Јуни 2009 година – учество на семинар на тема „Спречување на корупцијата, судир на интереси, препознавање и надминување“
  • Септември 2009 година – учество на семинар на тема „Конфискација на имот и компензација на жртви“
  • Септември 2009 година – учество на семинар на тема „Националното и европското право за заштита на потрошувачите и договорното потрошувачко право“
  • Декември 2009 година – учество на семинар на тема „Кривични дела во врска со сексуално злоставување и насилство врз децата“
  • Декември 2009 година – учество на семинар на тема „Основни карактеристики на кривичните дела, компјутерски криминал и проблеми при негово препознавање“
  • Од 2005-2007 учество на семинари од кривично право
  • Од1994-2005 учество на семинари од разни области

 

Судија  д-р Мирјана Лазарова Трaјковска

Судија  д-р Мирјана Лазарова Трaјковска

Име и презиме:
д-р Мирјана Лазарова Трaјковска
Година на избор:
2020
Област на која работи судијата:
Оддел за казниви дела, Оддел за судење во разумен рок - Претседател на оддел и Оддел за судска практика

Образование:

Дипломирала на Правен факултет, Универзитет "Св. Кирил и Методиј"- Скопје, (1986 година), положила Правосуден испит (1992 година), Магистер по право (2007 година), и Доктор на правни науки, Правен факултет, Универзитет во Љубљана, Р. Словенија (2012 година).

Зборува англиски, француски и повеќе словенски јазици.

Работно искуство:

1988-1999  Работела на повеќе работни места во МВР на РМ поврзани со застапување пред надлежните судови во граѓански и кривични постапки како и на повеќе работни места на кои работела на управни постапки.

1999-2001  Помошник Министер за управни работи при МВР на Република Македонија.

2001-2003 Раководител на Директоратот за човекови права при Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

2002-2003 Претседател на Државната изборна Комисија на Република Македонија.

2003-2008  Судија во Уставниот суд на Република Македонија.

Oд ноември 2015-февруари 2017 Претседател на Прва Секција во ЕСЧП – Стразбур.

Од февруари 2008-февруари 2017, Судија, Eвропскиот суд за човековите права во Стразбур, (ЕСЧП).

Со одлука на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.09-289/1 од 07.02.2020 година е избранa за судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Објавени трудови и активности:

1995-2006 Член на Комитетот на експерти за државјанство (CJ-NA), и член на работната група одговорна за изготвување на Европската Конвенција за државјанство (CJ-NA-GT) и експерт на Советот на Европа во три регионални експертски состаноци во врска со законодавството за државјанството во земјите членки на Дејтонските договори (1996).

2001-2003 Член на Управниот Комитет за човекови права при Советот на Европа и на Комитетот за подобрување на управните и судските постапки, Совет на Европа.

2004-2008 Член на Европската Комисија за демократија преку правото (Венецијанска Комисија), а од 2006-2008 Заменик Председател на Советот за демократски избори.

2018 Правен Советник на Венецијанската Комисија и ПС на Советот на Европа за претседателските избори во Црна Гора и Турција и за општите избори во Босна и Херцеговина; Шеф на Мисијата на OSCE ODIHR за оценка на парламентарните избори во Естонија (2007);  Член на мисијата на OSCE ODIHR за оценка на изборите за Конгресот и Сенатот во USA (2006).

Од 2017 држела предавања на повеќе странски универзитети (Емори Универзитет, Правен факултет, Атланта САД, 2018; Универзитетот Renmin во Пекинг 2018; Правен факултет на Универзитетот во Birmingham, Велика Британија, 2017; Правен факултет при Католичкиот Универзитет во Lille, Франција, 2017).

Од 2017 до година до 2020 година, обучувала судии од земјите членки на Европската Унија, како и од земјите од источна и централна Европа во врска со судската пракса на Европскиот суд за човековите права, и била ангажирана како експерт за Советот на Европа, Венецијанска Комисија (Комисија за демократија преку правото), AIRE Cеnter од Лондон, OSCE.

Објавила голем број на публикации, текстови и анализи од областа на човековите права, уставното право и изборно право.

 

Судија м-р Сафет Кадрии

Судија м-р Сафет Кадрии

Име и презиме:
м-р Сафет Кадрии
Година на избор:
2020
Област на која работи судијата:
Оддел за граѓански дела, Оддел за судење во разумен рок и Специјал. совет по жалби против одлуки на Управен суд

Образование:

Дипломирал на Правниот факултет во Приштина на 9.6.1990 г.

На 20.2.2001 г. положил правосуден испит во Скопје.

На 10.7.2008 г. магистрирал на Правниот факултет во Приштина, кривично-правен смер со магистарски труд на тема „Начелото на законитост во кривичното право“.

Работно искуство:

Во периодот од 10.7.1990 г. до 31.12.1992 г. работел како секретар на Земјоделска задруга „Братство“ во с.Желино, Тетово.

Во периодот од 1.1.1993 г. до 31.1.1996 г. бил директор на ДОО „Агростримница”, Тетово.

Од 22.7.1996 г. до 24.9.2000 г. работел како помошник директор во Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, Скопје.

Од 18.8.1999 г. бил заменик член во Државната изборна комисија, Скопје.

Од 12.6.2001 г. до 31.10.2003 г. бил државен секретар во Министерството за правда на Република Македонија.

Од 1.11.2003 г. работел како државен советник во Уставниот суд на Република Македонија, а во текот на 2005 г. и 2006 г. бил портпарол на Судот.

На 25.6.2009 г. е избран за судија во Апелациониот суд со одлука за избор бр.07-1492/1 од 25.6.2009 г. и постапува по предмети во кривичниот отсек, член е на Кривичниот совет во Судот и е определен да го заменува Претседателот на Судот во негово отсуство.

Судијата е одговорно лице за односи со јавноста за прашања во врска со предмети од кривична област.

Со  одлука на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.09-290/1 од 07.02.2020 година е избран за судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Објавени трудови и активности:

Сертификат за постигање успешно учество во  IFES Студискиот Престој во Албанија, 21–27 Јуни 2001 – издадено од Амбасадата на Соединетите Американски Држави и УСАИД;

Сертификат за постигање на успешно завршување на Студиски престој за изборниот процес во Република Албанија– издадено од Меѓународната Фондација за Изборните Системи (IFES).

Судија Наке Георгиев

Судија Наке Георгиев

Име и презиме:
Наке Георгиев
Година на избор:
2020
Област на која работи судијата:
Оддел за граѓански дела и Специјал. совет по жалби против одлуки на Управен суд

Образование:

Роден на 13.06.1963 година во Струмица.

Дипломирал на Правен Факултет во Битола на 07.07.1987 година .

Правосуден испит положил на 10.12.1990 година.

 

Работно искуство:

 

На 08.10.1987 година се вработил во ЈЗО Природно лекувалиште и медицинска рехабилитација Бања Банско- Банско.

За судија во Основен суд Струмица е избран на 24.09.1997 година, а на 15.06.2004 година е избран за судија на Апелационен суд во Штип.

Судијата работел на Граѓанска област.

На 23.11.2017 е избран за Претседател на Апелационен суд Штип.

Со  одлука на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.09-291/1 од 07.02.2020 година е избран за судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Судија Лидија Мартинова

Судија Лидија Мартинова

Име и презиме:
Лидија Мартинова
Година на избор:
2020
Област на која работи судијата:
Оддел за граѓански дела, Оддел за судење во разумен рок и Специјал. совет по жалби против одлуки на Управен суд

Образование:

Основно, средно и високо образование завршила во Скопје.

На Правниот факултет во Скопје дипломирала на 18.5.1982 г.

Правосуден испит положила во Скопје на 8.10.1984 г.

Работно искуство:

На 1.5.1983 г. е вработена како судски приправник во тогашниот Окружен суд Скопје.
 
По положување на правосудниот испит
во Скопје на 8.10.1984 г., продолжила да работи во истиот суд како стручен соработник се до месец јуни 1996 г.

Првпат е избрана за судија во месец јуни 1996 г. во Основен суд Скопје 1 Скопје.
Во овој суд работи во граѓанскиот парничен оддел се до месец април 2007 г.

Од месец април 2007 г. согласно реорганизацијата на Основните судови во Скопје распоредена е како судија на Основниот суд Скопје 2 Скопје во граѓанскиот парничен оддел.

Во јуни 2009 година е избрана за судија на Апелационен суд Скопје со одлука за избор бр.07-1492/1 од 25.6.2009 година каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел и е претседател на совет.

Со одлука на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.09-292/1 од 07.02.2020 година е избранa за судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

 

 

Објавени трудови и активности:

Во 2005 и 2006 година посетувала повеќемесечна обука за едукатори во организација на Академијата за судии и јавни обвинители во РМ и проектот УСАИД за „Развој на наставен кадар“ во врска со примената на новиот Закон за парнична постапка.

Од месец 06.2007 година ибрана за постојан едукатор во Академијата за судии и јавни обвинители на РМ. Во периодот од месец 09.2007 година до месец 02.2008 година е ангажирана во наставата за почетна обука по предметот граѓанско право на кандидатите за идни судии во судовите на РМ.

Прва<12>Последна

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • Соопштение за јавност

    Соопштенија за јавност  | 30.11.2021
    Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Северна Македонија на седница одржана на 29.11.2021 година расправаше по повод жалбата на Зоранчо Мицевски, судија на Апелациониот суд Штип, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.10-39/25 од 26.07.2021 година, за негово разрешување од вршење на судиска функција. [повеќе]
  • Соопштение за јавност

    Соопштенија за јавност  | 29.11.2021
    Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Северна Македонија на денешната седница расправаше по повод жалбата на Сузана Здравева, судија на Апелациониот суд Штип, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.10-39/25 од 26.07.2021 година, за нејзино разрешување од вршење на судиска функција. [повеќе]
  • Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија

    Соопштенија за јавност  | 26.11.2021
    Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе одржи електронска Општа седница преку платформата ZOOM на 06.12.2021 година (понеделник), со почеток во 12,00 часот, со следниот предлог на: [повеќе]

Сите вести