За судиите
За судиите
Претседател
CV на Претседател
Судија Беса Адеми
Образование:
Работно искуство:
На 12.02.2021 со одлука бр.09-309/1 од страна на Судскиот Совет на Република Северна Македонија е избрана за Претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
На 12.03.2021 година претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија даде свечена изјава пред претседателот и членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
Судиите
Судија м-р Сафет Кадрии
Судија м-р Сафет Кадрии

Образование:
Дипломирал на Правниот факултет во Приштина на 9.6.1990 г.
На 20.2.2001 г. положил правосуден испит во Скопје.
На 10.7.2008 г. магистрирал на Правниот факултет во Приштина, кривично-правен смер со магистарски труд на тема „Начелото на законитост во кривичното право“.
Работно искуство:
Во периодот од 10.7.1990 г. до 31.12.1992 г. работел како секретар на Земјоделска задруга „Братство“ во с.Желино, Тетово.
Во периодот од 1.1.1993 г. до 31.1.1996 г. бил директор на ДОО „Агростримница”, Тетово.
Од 22.7.1996 г. до 24.9.2000 г. работел како помошник директор во Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, Скопје.
Од 18.8.1999 г. бил заменик член во Државната изборна комисија, Скопје.
Од 12.6.2001 г. до 31.10.2003 г. бил државен секретар во Министерството за правда на Република Македонија.
Од 1.11.2003 г. работел како државен советник во Уставниот суд на Република Македонија, а во текот на 2005 г. и 2006 г. бил портпарол на Судот.
На 25.6.2009 г. е избран за судија во Апелациониот суд со одлука за избор бр.07-1492/1 од 25.6.2009 г. и постапува по предмети во кривичниот отсек, член е на Кривичниот совет во Судот и е определен да го заменува Претседателот на Судот во негово отсуство.
Судијата е одговорно лице за односи со јавноста за прашања во врска со предмети од кривична област.
Со одлука на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.09-290/1 од 07.02.2020 година е избран за судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
Објавени трудови и активности:
Сертификат за постигање успешно учество во IFES Студискиот Престој во Албанија, 21–27 Јуни 2001 – издадено од Амбасадата на Соединетите Американски Држави и УСАИД;
Сертификат за постигање на успешно завршување на Студиски престој за изборниот процес во Република Албанија– издадено од Меѓународната Фондација за Изборните Системи (IFES).
Судија Наке Георгиев
Судија Наке Георгиев

Образование:
Роден на 13.06.1963 година во Струмица.
Дипломирал на Правен Факултет во Битола на 07.07.1987 година .
Правосуден испит положил на 10.12.1990 година.
Работно искуство:
На 08.10.1987 година се вработил во ЈЗО Природно лекувалиште и медицинска рехабилитација Бања Банско- Банско.
За судија во Основен суд Струмица е избран на 24.09.1997 година, а на 15.06.2004 година е избран за судија на Апелационен суд во Штип.
Судијата работел на Граѓанска област.
На 23.11.2017 е избран за Претседател на Апелационен суд Штип.
Со одлука на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.09-291/1 од 07.02.2020 година е избран за судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
Судија Анита Бошковска
Судија Анита Бошковска

Судија м-р Катерина Георгиевска
Судија м-р Катерина Георгиевска
