За судиите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

За судиите

Претседател

CV на Претседател

Судија ВД Претседател Анита Данилова

Име и презиме:
ВД Претседател Анита Данилова
Година на избор:
Област на која работи судијата:

Образование:

- Правен факултет завршила 1984 година 
- Правосуден испит - 1987 година

Работно искуство:

- 1986 - 1987 година - приправник во Окружен стопански суд Скопје,
- 1987 - 1995 година - стручен соработник во Окружен стопански суд Скопје, 
- 1995 - 1996 година - стручен соработник во Народна банка на Република Македонија,
- 1996 - 2007 година - судија во Основен суд Скопје I Скопје,
- 2007- 2011 година – судија на Управен суд 
- март 2011 година - избрана за судија на Вишиот управен суд, стапува на функција на 30.06.2011 година

- 11.07.2019 - 05.11.2019 година - Вршител на должност Претседател на Виш управен суд

- од 09.11.2023 година - Вршител на должност Претседател на Виш управен суд

Судиите

Судија Виолета Илиевска

Судија Виолета Илиевска

Име и презиме:
Виолета Илиевска
Година на избор:
Област на која работи судијата:

Образование:

- Правен факултет завршила 1985 година
- Правосуден испит - 1988 година

Работно искуство:

- 1987 - 1993 година - дипломиран правник во фирма од стопанството во Охрид,
- 1993 - 1994 година - стручен соработник во адвокатска канцеларија во Охрид,
- 1994 - 2000 година - адвокат во Скопје,
- 2000 година - судија во Основниот суд Скопје I Скопје,
- 2007 година - судија во Основен суд Скопје II Скопје,
- 2007- 2011 година – судија на Управен суд 
- март 2011 година - избрана за судија на Вишиот управен суд, стапува на функција на 30.06.2011 година

Судија Емрије Зубери

Судија Емрије Зубери

Име и презиме:
Емрије Зубери
Година на избор:
2016
Област на која работи судијата:

Образование:

2005 – Правен факултет, Универзитет на Југоисточна Европа, Тетово.

2012 – Последипломски студии, Правен факултет, Насока: Граѓанско право, Универзитет на Југоисточна Европа, Тетово.

2009 – Запишани последипломски студии, Медицински факултет, Скопје.

2013 – Запишани докторски студии, Правен факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ Скопје.

2014 – Положен Правосуден испит.

2015 – Положен испит за Нотар

Работно искуство:

2006 –  2010 Помлад соработник во Одделението за запишување и надгледување на Анкетните листови и спречување на корупцијата, Државна комисија за спречување на корупцијата.

2010 – 2012 Виш соработник за надгледување на имплементирањето на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата, Сектор за програми, аналитика, финасирање и администрација, Државна комисија за спречување на корупцијата.

2012 – 2013 Раководител на Сектор за избирачки список и евиденција на избирачкото право, Државна изборна комисија.

2014 – Помошно тело во Државната изборна комисија.

2013 – 2016 – Раководител на Сектор во Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија

Судија Лидија Георгиевска

Судија Лидија Георгиевска

Име и презиме:
Лидија Георгиевска
Година на избор:
Област на која работи судијата:

Образование:

- Правен факултет завршила 1988 година
- Правосуден испит - 1995 година

 

Работно искуство:

- 1990 - 1992 година - приправник во адвокатска канцеларија,
- 1993 - 1998 година - новинар во ЈП Македонска радио - телевизија, Радио - Скопје, Внатрешно - политичка редакција, 
- 1998 - 2008 година - државен советник во институцијата Народен правобранител, 
- 2008- 2011 година – судија на Управен суд 
- март 2011 година - избрана за судија на Вишиот управен суд, стапува на функција на 30.06.2011 година

Судија Рина Исени

Судија Рина Исени

Име и презиме:
Рина Исени
Година на избор:
2016
Област на која работи судијата:

Образование:

2003- 2007  Правен Факултет, Уставно-Управен смер

Универзитет на Југоисточна Европа, Тетово

Правосуден испит-2012 година

Нотарски испит-2013 година

Работно искуство:

Виш управен суд на Република Макеоднија-Судија, 2016 година

Народен правобранител-Соработник 2011-2016

Влада на Република Македонија-Секретаријат за спорведување на Рамковниот договор 2009-2010

Општина Тетово- Административен работник во Американско Катче Тетово, 2007-2009

Судија Светлана Костова

Судија Светлана Костова

Име и презиме:
Светлана Костова
Година на избор:
Област на која работи судијата:

Образование:

- 1990 година – завршила Правен факултет
- 1995 година – положила правосуден испит 

Работно искуство:

- 1993 – 1994 година – приправник во Министерство за внатершни работи
- 1994 – 1995 година – самостоен референт за станбени работи во Управата за правни и кадровски работи
- 1995 – 1998 година – главен референт за имотно – правни работи

- 1998 – 1998 година – раководител на отсек за имотно – правни работи во Управата за правни и кадровски работи
- 1998 – 1999 година – главен инспектор за правен и деловен менаџмент во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање
- 1999 – 2003 година – главен аналитичар за правни акти и дејствиа во ДБК
- 2003 – 2004 година – началник на одделение и шеф на кабинетот на директорот на УБК
- 2004 – 2005 година – државен советник во кабинетот на Министерот за внатрешни работи

2005 – 2005 година - советник во Управата за безбедност и контраразузнавање
- 2005 – 2011 година – началник на сектор за менаџмент и едукација во Управата за безбедност и контраразузнавање
- март 2011 година – избрана за судија на Вишиот управен суд, стапува на функција на 30.06.2011 година

Судија Заменик претседател Субхи Јакупи

Судија Заменик претседател Субхи Јакупи

Име и презиме:
Заменик претседател Субхи Јакупи
Година на избор:
2018
Област на која работи судијата:

Образование:

Доктор на  правни нaуки.

  • Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј,, - Скопје, Правен факултет ,,Јустиниан Први,,- Скопје, Докторската дисертација со наслов:

Изборните нерегуларности на парламентарните избори 2006, 2008 и 2011 година во Република Македонија  Под менторство на Проф. д-р Рената Дескоска и стекнав право со научен степен доктор на правни науки.

Магистер на правни науки – Управен.

 -  Университет во Приштина – Правен факуклтет, Магистерскиот труд на тема:

Улогата и функцијата на управниот инспекторат во Република Македонија“ Под менторство на Проф. Д-р Хава Бујупи – Исмаили и стекнав право со научен степен магистер на правни науки – Управна насока.

  • Положен правосуден испит –Министерство за правда – Скопје, 2003 година;

Дипломиран правник

- Студиите ги завршив во Универзитет во Приштина – Правен факултет.

Средно и основно

  • Општа гимназија „Панче Поповски„ – Гостивар,
  • Основно во О.У.„Гоце Делчев„ – Гостивар.

Работно искуство:

  • По дипломирањето се ангажирав во Адвокатска канцеларија „Ѓуран Дема„ - Гостивар (1993-1995 година);
  • Раководител на администрација во Општина Гостивар (1995-2002 година);
  • Директор на управна инспекција – Скопје, Орган во состав на Министерство за правда – Скопје (2002-2004 година);
  • Заменик министер за правда (2004-2006 година);
  • Потпреседател на Државна изборна комисија (2006-2015);
  • Член на Државна изборна комисија (2016-2017);

Од 1998 – 2001 година, Претседател на Бордот на директори на проект од Британска амбасада на Република Македонија  “Know how found” – Фондација за подршка на мали и средни претпријатија „ЕСА„ – Гостивар.

Во 2003-2004 година ангажиран на  Програма CMPS-PACE Programe (Курс за јавна администрација за 610 идни државни службеници од етнички групи што не се мнозинство во РМ) Настава по предмети: Јавен менаџмен и  Право во Европска унија  финансирано од Европска Агенција за реконструкција.

Од 15.09.2009 до 2018 година, ангажиран како наставник/ассистент во Правен факултет при UT - Тетово и Интернационален Универзитет Струга во предметите:

  • Управно право
  • Уставно право
  • Еколошко право
  • Локална самоуправа
  • Историја на држава и право
  • Политичките парти и изборите

Објавени трудови и активности:

  • Висока административна обука ВАО – Организирано од Агенција за државни службеници со франциска амбасада во Скопје во позната Француска национална школа за администрација – ENA (Ecol national d,Administration) – во Париз (2004-2005 година).
  • Положба на судската власт во правната држава и организација на судовите во сојузна Република Германија - Германска фондација за меѓународна правна соработка, Ноември 2005, Берлин-Германија;
  • Сертификат за завршен Курс за Јавна администрација за ,,Менаџмент на локална јавна власт,, – Организирано од Здружение на Општините на Кралство Холандија, Скопје (април 1997 - март 1998 година);
  • ACEEEO Conference - European commission for democraty through law (Venice commission), European Conference of Electoral management bodies- ,,Fighting agains electoral fraud-Complaints and appeals procedures,, -Стразбург Франција, Септември  2007;
  • Јавна дискусија ,,Како до фер, слободни и демократски избори во Република Македонија,, организирано од FRIEDRICH EBER STIFTUNG, ПРОГРЕС и OLOF INTERNATIONAL CENTER, Ноември 2012, Скопје;
  • Financing of political parties and political campaigns in Lithuania, regulation, supervision, experience;  November 2013, Vilnius-Lithuania;
  • Трета меѓународна научна конференција на Правниот Факултет – Универзитет во Тетово, Тема:,,Предизвици на евиденцијата на избирачкиот список во Република Македонија,, - Тетово, Ноември 2016;
  • Уверение издадена за учество на Студиска програма на Парламентарните избори во Норвешка, 7-12 септември 2017 Осло, Норвешка;
  • Пета научна меѓународна конференција на Правниот факултет - Универзитет во Тетово и Правниот факултет ,,Јустиниан прима,, Универзитет ,,Кирил и Методиј,, Скопје, Тема: Почитувањење на базичните атрибути на правната држава во последната декада во Република Македонија, Тетово, Октомври 2018;

Издавање на книга под наслов: "Регулатива и изборните нерегуларности во Република Македонија" - 2017 година

Прва<1>Последна

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • Учество на дијалогот за политики „Дискусија за Извештајот во сенка за Поглавје 23 за периодот октомври 2022 – септември 2023 година“

    Известувања, Настани, Новости, Соопштенија за јавност  | 25.12.2023
    Претставници од Виш управен суд, учествуваа на дијалогот за политики „Дискусија за Извештајот во сенка за Поглавје 23 за периодот октомври 2022 – септември 2023 година", кој се организираше во рамките на проектот „Градиме мостови за заедничка иднина: Владеењето на правото во насока на пристапувањето во ЕУ". Настанот се одржа на ден 21.12.2023 година во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје. [повеќе]
  • Вишиот управен суд склучи Меморандум за соработка

    Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  | 01.9.2022
    Вишиот управен суд, во месец јули 2022 година, склучи Меморандум за соработка со Установата за стручно образование СУЦГ „Шаип Јусуф“-Скопје, заради олеснување и охрабрување на образовната, практичната и техничката меѓусебна соработка. Во рамките на Меморандумот за соработка, во текот на месец август 2022 година, во Вишиот управен суд, феријална пракса во траење од 10 дена извршија седум ученици на Установата за стручно образование СУЦГ „Шаип Јусуф“-Скопје [повеќе]
  • Одлуки за избор за вработување по Jавен оглас бр.1/2021

    Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  | 15.2.2022

Сите вести