Сите вести [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

Година
Категорија

  • Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  | 05.12.2018 | Виш управен суд на Република Македонија

    Известување за присуство на промоција

    Претседателот на Виш управен суд, Лидија Ивановска, присуствуваше на промоција на веб порталот Justice Observers, што се одржа на 04.12.2018 година во Скопје, организирана од Центар за правни истражувања и анализи. [повеќе]
  • Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  | 19.11.2018 | Виш управен суд на Република Македонија

    Известување за посета на семинар во Будимпешта

    Претседателот на Виш управен суд, Лидија Ивановска и судијата Мирјана Василевска, Претседател на третиот специјализиран судски совет за финансиски, царински, даночни и други права во Виш управен суд, присуствуваа во Будимпешта, Република Унгарија, на семинарот на Европско конкурентно право за национални судии, кој се одржа во периодот од 15 до 17 ноември 2018 година. [повеќе]
  • Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  | 31.10.2018 | Виш управен суд на Република Македонија

    Соопштение за работна посета

    Претседателот на Виш управен суд, Лидија Ивановска, во периодот од 23 до 27 Октомври 2018 година, беше во работна посета во Анкара, Република Tурција и присуствуваше на Симпозиумот огранизиран од Државниот совет на Република Турција. [повеќе]
  • Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  | 24.10.2018 | Виш управен суд на Република Македонија

    Соопштение за закажана јавна расправа

    На ден 07.11.2018 година, со почеток во 10:00 часот, во Конференциската сала на Вишиот управен суд, ќе се одржи јавна расправа по предметот УЖ-1.бр.835/17. [повеќе]
  • Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  | 24.10.2018 | Виш управен суд на Република Македонија

    Закажана јавна расправа

    На ден 12.11.2018 година, со почеток во 11:00 часот, во Конференциската сала на Вишиот управен суд, ќе се одржи јавна расправа по предметот УЖ-1.бр.202/18. [повеќе]
  • Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  | 04.10.2018 | Виш управен суд на Република Македонија

    СООПШТЕНИЕ за закажана јавна седница

    На ден 18.10.2018 година, со почеток во 10:00 часот, во Конференциската сала на Вишиот управен суд, ќе се одржи јавна расправа по предметот УЖ-1.бр.202/18. [повеќе]
  • Известувања, Настани, Новости, Соопштенија за јавност  | 19.9.2018 | Виш управен суд на Република Македонија

    Известување за отворен ден во Вишиот управен суд

    Се известуваат граѓаните дека 25 Октомври 2018 гопдина е Европски ден на граѓанската правда, на кој ден Вишиот управен суд ќе биде отворен за граѓаните, започнувајќи од 07:30 до 15:30 часот. [повеќе]
  • Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  | 27.7.2018 | Виш управен суд на Република Македонија

    Известување за присуство на работилница во Драч, Албанија

    Во периодот од 23.07.2018 година до 27.07.2018 година, Претседателот на Виш управен суд Лидија Ивановска и судијата Фани Илиевска, присуствуваа на Работилница за Европското право во врска со азил за судии од земјите од Западен балкан и Источно партнерство. Работилницата се одржа во Драч, Албанија, оранизирана од EASO-EUROPEAN ASYLUM SUPPORT OFFICE. [повеќе]
  • Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  | 02.7.2018 | Виш управен суд на Република Македонија

    Известување за потпишан Меморандум за соработка

    На ден 29.06.2018 година, во просториите на Република Македонија Министерство за правда, се склучи Меморандум за соработка помеѓу Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (Владата на Обединетото Кралство), претставена од Министерството за надворешни работи и Комонвелт (ФЦО), претставено од Чарлс Гарет, Амбасадор и Владата на Република Македонија (Корисник), претставена од Министерот за прaвда, Рената Десковска и Управниот суд (Корисник), претставен од Претседателот на Управниот суд, судија Бурим Сејдини и Вишиот управен суд (Корисник), претставен од Претседателот на Вишиот управен суд, судија Лидија Ивановска. Целта на овој Меморандум е да обезбеди поддршка во клучните сектори од правниот систем на Република Mакедонија која што ќе им овозможи да го имплементираат проектот „Подобрување на ефикасноста и ефективноста на Управното судство во Македонија“ [повеќе]
  • Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  | 12.6.2018 | Виш управен суд на Република Македонија

    Соопштение за одржан координативен состанок

    На ден 12.06.2018 година е одржан координативен состанок,на кој присуствуваа:Ms Susette Scuster, судија од Германија (експерт), Ms Zita Smirnoviene, судија од Литванија, Ms Chole Laurens-Dinsdale (Near D3) преставник од Оддел за владеење на правото во Европската комисија, Mr.Davide Berton (Near D3) преставник од Европската комисија, Ms Annabelle Regal, преставник од Делегација на Европска унија, и Марина Куртал, Делегација на ЕУ, Скопје. Од Виш управен суд присуствуваа Претседателот на Виш управен суд, Лидија Ивановска и судиите како Претседатели на сите 3 совети при овој суд, Анита Данилова, Владанка Панчурова, Сулејманова и Мирјана Василевска и судскиот советник Верица Гавровска-Петровска. Предмет на координативниот состанок е анализа за управното судство заради донесување на Заклучоци од страна на Оценската мисија за управната постапка и управните спорови Поглавје 23 –Правосудство и фундаментални права. Целта на мисијата, е да се процени ефикасноста и ефективноста на системот на административна правда во Република Македонија. Од особено значење е судскиот систем во делот на управните спорови во јавната администрација на централно и локално ниво, работата на судиите на Управниот суд и системот на жалби преку Вишиот управен суд. [повеќе]

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_