Сите вести [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

Година
Категорија

  • Новости  | 04.12.2015 | Виш управен суд на Република Македонија

    Известување за учество во проект

    Претседателот на Виш управен суд Лидија Ивановска, на ден 03.12.2015 година, присуствуваше и зема активно учество во проектот организиран од Центар за правни истражувања и анализи под наслов „Поддршка за воспоставување на унифицирана судска пракса во Македонскиот правен систем, финансиран од Британската амбасада во Скопје, нагласувајќи при тоа дека во истиот треба да се нагласи и учеството на судската практика во Управното судство, како дел од целокупното правосудство во Република Македонија“. [повеќе]
  • Новости  | 12.11.2015 | Виш управен суд на Република Македонија

    Известување за присуство на тркалезна маса

    Претседателот на Виш управен суд Лидија Ивановска и судијата Анита Данилова во деновите од 09.11.2015 година заклучно со 11.11.2015 година, учествуваа на Тркалезна маса со тема: „Правото и праксата во заштита на бегалците“, организирана од страна на Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Скопје и УНХЦР, одржана во Гевгелија. Претседателот на Виш управен суд, имаше свое излагање на тема „Судска практика во Виш управен суд во однос на решените предмети каде основ на управниот спор е здобивање и престанок на правото на азил“, според Законот за азил и привремена заштита. [повеќе]
  • Новости  | 03.11.2015 | Виш управен суд на Република Македонија

    Известување за учество на семинар

    Учество на Претседателот на Виш управен суд Лидија Ивановска,судиите Загорка Тноковска иДијана Димитрова на семинарот на тема: Притворање на нерегуларни мигранти и баратели на азил,одржан во Струмица од 28.10-30.10.2015 година организиран од Здружение на млади правници на Република Македонија. [повеќе]
  • Новости  | 03.11.2015 | Виш управен суд на Република Македонија

    Известување за присуство на Нотарски денови

    Присуство на Претседателот на Виш управен суд Лидија Ивановска на „Нотарски денови“ одржан во Струга од 31.10-1.11.2015, на покана на Претседателот на Нотарска комора на Р.М Зорица Пулејкова. [повеќе]
  • Новости  | 19.10.2015 | Виш управен суд на Република Македонија

    Известување за присуствуво на Годишно советување на судиите на Република Србија

    Претседателот на Виш управен суд Лидија Ивановска, присуствуваше на Годишно советување на судиите на Република Србија, во организација на Врховен касационен суд на Република Србија, помогната од Американска агенција за Меѓународен развој Проект за реформа на правосудството и одговорната власт, Германска организација за техничка соработка, Канцеларија на Совет на Европа, Мисија на ОЕБС и Светкса банка, одржано од 14 Октомври, заклучно со 17 Октомври 2015 година во Врњачка бања, Република Србија. [повеќе]
  • Новости  | 03.10.2015 | Виш управен суд на Република Македонија

    Известување за Билтен бр. 8

    На ден 03.11.2015 година Вишиот управен суд објави Билтен бр.8. [повеќе]
  • Новости  | 03.9.2015 | Виш управен суд на Република Македонија

    ИЗвестување за работна средба

    На ден 03.09.2015 година се одржа работна средба помеѓу Претседателот на Виш управен суд Лидија Ивановска со претставници на Центарот за правни истражувања и анализи – ЦПИА, Лилјана Јоноски, Јелена Ристиќ и адвокат Алескандар Гоџо, во присуство на г-дин Peter Gjørtler – поранешен судија во Врховниот суд на Данска, на тема „Процена на постојната состојба и потребите во Македонскиот правосуден систем во однос на судската пракса“. [повеќе]
  • Новости  | 04.8.2015 | Виш управен суд на Република Македонија

    Известување за работна средба во Вишиот управенн суд

    Одржана средба на Претседателот на Вишиот управен суд Лидија Ивановска, судите Владанка Панчурова Сулејманова, Фани Илиевска, Анита Данилова и Виолета Илиевска, како и Претседателот на Управен Суд Јетмире Ајдини Бошњаку со со делегацијата од Р.Турција и тоа на Претседателот на Советодавното тело (Управен суд) на г-ѓа Зеррин Ѓунѓор придружена со Генералниот секретар Г-дин Исмаил Хакки Сајин, Г-ца Нихан Дидем Чакмак, истаражен судија, Г-дин Зија Озџан и Г-ѓа Бирѓул Курт, како челнови на Советодавното тело, со обезбедување Рушту Јавуз и претставници на Амбасада на Р.Турција и тоа Г-дин Синан Ертај како привремен вршител на работите, советник, Г-ѓа Анил Озге Ертај, советник и преведувачот г-дин Билгин Рушит. [повеќе]
  • Новости  | 12.5.2015 | Виш управен суд на Република Македонија

    Определување на одговорно лице за спроведување на лицата со инвалидност

    За одговорно лице за спроведување на лицата со инвалидност и овозможување на полесен пристап до информации, нивните права и обврски во Вишиот управен суд се определува судскиот соработник Верица Гавровска-Петровска, а за заменик се определува советник-информатичар Љупка Илиеска. [повеќе]
  • Новости  | 24.10.2014 | Виш управен суд на Република Македонија

    Известување за отворен ден во Виш управен суд

    ПО ПОВОД ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ГРАЃАНСКАТА ПРАВДА, 24 ОКТОМВРИ 2014 ГОДИНА (ПЕТОК) Е ОТВОРЕН ДЕН ЗА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ВИШИОТ УПРАВЕН СУД [повеќе]

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_