Членови на Судскиот совет учествуваат на скринингот во Брисел за Поглавје 23
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Членови на Судскиот совет учествуваат на скринингот во Брисел за Поглавје 23
Press realeses
|
Dec 2, 2022
Членови на Судскиот совет учествуваат на скринингот во Брисел за Поглавје 23
На Билатералниот скрининг кој во моментот се одржува во Брисел за Поглавје 23, Правосудство и фундаментални права, учествуваат претставници на Судскиот совет на Република Северна Македонија, презентирајќи ги активностите за период 2018-2022 година, постигнатиот напредок и донесените подзаконски акти, како и правците во кои ќе се преземаат активности заради нивна имплементација во процесите, со цел постигнување на повисоки стандарди и унапредување на сите сфери во македонскиот правосуден систем.