Соопштение за 484-та седница на Судскиот совет на РСМ - 18.04.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за 484-та седница на Судскиот совет на РСМ - 18.04.2024 година

Соопштенија за јавност  |  11.4.2024

 

 

 

 

СООПШТЕНИЕ  

 Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе одржи  седница на ден 18.04.2024 година (четврток) со почеток во 10.00 часот во салата на Судскиот совет на Република Северна Македонија со следниот:

  

   Д Н Е В Е Н    Р Е Д

За 484-та седница на Судскиот совет на РСМ за ден  18.04.2024 година, со почеток во 10.00 часот  

  1. Разгледување и усвојување на Годишен извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2023 година;

 

  1. Донесување на Одлука за утврдување на ориентационен број на предмети што треба да ги реши судијата месечно во основните судови, апелационите судови, Управниот суд, Вишиот управен суд и Врховниот суд на Република Северна Македонија за 2024 година;

 

  1. Донесување на Одлука за  престанок на судиската функција поради исполнување на услови за старосна пензија;

 

  1. Донесување на одлука за престанок на функцијата судија поротник на Основен кривичен суд Скопје, поради истек на мандат;

 

  1. Одлучување по известувања за утврдена фактичка состојба по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд;

 

  1.  Одлучување по Известување за итност на постапка по Извештај  за констатирана состојба по поднесено барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и

 

  1. Разно.