Соопштение од 486-та седница на Судскиот совет на РСМ - 15.05.2024 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 486-та седница на Судскиот совет на РСМ - 15.05.2024 година
СООПШТЕНИЕ
од 486-та седница на Судскиот совет на РСМ
Судскиот совет на РСМ на 486-та седница одржана на ден 15.05.2024 година одлучи за следното:
- Утврдени се кандидатски листи по објавен оглас за избор на членови на Судскиот совет на РСМ од редот на судиите и тоа: 1 (еден) член од редот на судиите од Врховниот суд на РСМ и 1 (еден) член од редот на судиите од апелационо подрачје Битола;
1.
ОПШТА ЛИСТА
За кандидати од Врховен суд на РСМ
-Цветанка Периќ-судија на Врховен суд на РСМ и
-Исамедин Лимани- судија на Врховен суд на РСМ.
2.
ОПШТА ЛИСТА
За кандидати од апелационо подрачје Битола
-Александар Камбовски-судија на Апелационен суд Битола
-Александра Поп Стефанија-судија на Основен суд Охрид и
-Татјана Сусулеска-судија на Апелационен суд Битола.
- Формирана е Комисија за спроведување на избор на членови на Судскиот совет на РСМ од редот на судиите, во состав од:
-Субхи Јакупи, судија на Виш управен суд - претседател на Комисија,
-Даниела Димовска, судија на Основен кривичен суд Скопје - заменик претседател на Комисија,
-Емилија Шопар Јованова, судија на Основен граѓански суд Скопје - член на Комисија,
-Сузана Дончевска, судија на Основен граѓански суд Скопје- заменик член на Комисија,
- Јелена Кадриќ- Институт за човекови права - член на Комисија и
- Јелена Кадриќ - Институт за човекови права - заменик член на Комисија.
- Донесено е решение за спроведување на избор на членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија од редот на судиите од Врховниот суд на РСМ и од апелационо подрачје Битола за ден 06.06.2024 година.
- Донесена е одлука за заклучување на Судскиот изборен именик во врска со објавен оглас за избор на членови на Судскиот совет на РСМ од редот на судиите и тоа: 1 (еден) член од редот на судиите од Врховниот суд на РСМ и 1 (еден) член од редот на судиите од апелационо подрачје Битола;
- Разгледан и усвоен е Извештајот на Комисијата за рангирање на кандидати за избор на судии на Врховен суд на РСМ, а согласно Правилникот за начинот на рангирање на кандидатите за избор на судија во повисок суд, така што како спорни и неприфатливи се одбиени пријавите на кандидатите: Енвер Амзаи, Афрдита Шеху Асани, Букурије Ајдини и Зоран Герасимовски- судии на Апелациониот суд Скопје;
- Расправаше по Извештај на Комисијата по доставени приговори на решенија за редовно оценување на судии/претседатели на судови за период 2019-2022 година и истиот е усвоен;
- Утврден е престанок на судиска функција на Лидија Ивановска, судија на Управен суд поради исполнување на услови за старосна пензија;
- Донесени се Одлуки за избор на судии поротници на Основен суд Кавадарци и Основен суд Струмица, така што:
За судии поротници на Основен суд Кавадарци се избрани:
- Дивна Настова;
- Мимоза Богоевска;
- Билјана Соколова;
- Соња Мицева;
- Јулијана Димитрова Стојкова;
- Диме Крстев;
- Јован Костов;
- Фердинанд Чејков;
- Даница Витанова Богева;
- Гоце Недев;
- Елизабета Бошкоска;
- Марија Камчева;
- Драган Коцевски;
- Бислим Ќесаси;
- Марија Пончева и
- Елизабета Атанасова.
За судии поротници на Основен суд Струмица се избрани:
- Соња Петрова;
- Силвана Тупарова;
- Аница Аризанова;
- Елизабета Христова;
- Емилија Пандева;
- Катерина Андонова;
- Весна Заева;
- Костадинка Панова;
- Драгица Илиева и
10. Катерина Пишева.
- Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Основен суд Кочани и Основен суд Охрид, кој оглас да се објави по завршување на парламентарните избори и формирана е Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседател на суд по донесена Одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Основен суд Кочани и Основен суд Охрид во следниот состав: м-р Ивица Николовски, претседател на Комисијата, Сашко Георгиев и м-р Селим Адеми-членови на Комисијата и
10.Во врска со одлучување по Известување за утврдена фактичка состојба по поднесено Барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд, Советот расправаше и донесе одлука за запирање на постапката по поднесеното Барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.
Снимката од одржаната седницата во живо може да се отвори на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=wynVfmm7rEc
https://www.youtube.com/watch?v=RGCoqUEYDL0