Најчесто поставувани прашања [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Најчесто поставувани прашања

1.  Кој суд е највисок суд во Република Северна Македонија?   Одговор

Во членот 101 од Уставот на Република Северна Македонија е пропишано дека Врховниот суд на Република Македонија е највисок суд во Републиката и го обезбедува единството во примената на законите од страна на судовите. Врховниот суд на Република Македонија ја врши судската власт на целата територија на Републиката.

2.  Кои се надлежностите на Врховниот суд согласно Законот за судовите?   Одговор

Врховниот суд на Република Македонија е надлежен: 1) да решава во втор степен против одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон; 2) да решава во трет и последен степен по жалбите против одлуките на апелационите судови; 3) да решава по вонредни правни лекови против правосилните одлуки на судовите и одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон; 4) да решава за судир на надлежност меѓу основните судови од подрачјето на различни апелациони судови, судир на надлежност меѓу апелациони судови, судир на надлежност меѓу Управниот суд и друг суд, судир на надлежност меѓу Вишиот управен суд и друг суд и да решава за пренесување на месна надлежност кај овие судови; 5) да одлучува по барање на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок, во постапка утврдена со закон пред судовите во Република Македонија во согласност со правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за човекови права и основни слободи и тргнувајќи од судската пракса на Европскиот суд за човекови права и 7) да врши други работи определени со закон.

3.  Кој може до Врховниот суд на Република Северна Македонија да поднесе Иницијатива за утврдувње на начелен став и начелно правно мислења?   Одговор

Врховниот суд на Република Македонија на општа седница утврдува начелни ставови и начелни правни мислења по прашања од значење за обезбедување на единството со примената на законите од страна на судовите во рок од три месеци, но не подолго од шест месеци по сопствена иницијатива или по иницијатива на претседател на суд или по иницијатива на седниците на судиите или судските оддели од судовите или по иницијатива на адвокати и ги објавува на веб страницата на Врховниот суд на Република Македонија.

4.  Што претставува начелниот став, а што претставува начелното правно мислење?   Одговор

Општата седница утврдува начелни ставови и начелни правни мислења од значење за обезбедување на единство во примената на законите од страна на судовите. Начелен став претставува стојалиште кое го утврдува Врховниот суд на Република Северна Македонија по прашања од значење за обезбедување на единство во примената на законите од страна на судовите. Начелно правно мислење е стојалиште на Врховниот суд на Република Северна Македонија за одредено прашање, за кое на Општата седница е заземен став поради невоедначена пракса во примената на законите.

5.  Дали странката има право да поднесе Барање за заштита на правото за судење во разумен рок?   Одговор

Странката која смета дека надлежниот суд го повредил правото на судење во разумен рок, има право да поднесе барање за заштита на правото на судење во разумен рок до Врховниот суд на Република Македонија.

6.  Дали Барањето за заштита на правото за судење во разумен рок може да се поднесе во текот на постапувањата пред домашните судови?   Одговор

Барањето за заштита на правото за судење во разумен рок странката може да го поднесе во текот на постапувањата пред домашните судови, а најдоцна шест месеци сметано од денот на правосилноста на одлуката.

Прва<1>Последна


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести