Соопштение за јавност [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за јавност

Соопштенија за јавност  |  20.10.2020
Врховниот суд на Република Северна Македонија учествуваше на Седмиот регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа кој се одржа на 16 и 17 октомври 2020 година, во организација на AIRE Центарот и Организацијата Civil Rights Defenders, на тема КОВИД-19 и правата заштитени со Европската конвенција за човекови права.

Централната конференција се одржа во Стразбур, а претставниците на Врховниот суд на Република Северна Македонија партиципираа онлајн од Скопје, додека другите учесници учествуваа онлајн од Белград, Сараево, Тирана, Подгорица, Загреб и Приштина. Овогодинешниот Форум беше организиран во поинаков формат заради кризата предизвикана од вирусот КОВИД-19.

Целта на овогодинешниот Форум беше промовирање на спроведувањето на
Европската конвенција за човекови права на национално ниво, да се поттикне регионалната соработка во услови на континуиран развој на владеењето на правото и човековите права и да се помогне во процесот на интеграција на регионот во Европската Унија. Настанот е поддржан од Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство, Владата на Шведска,  и Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_