Годишен извештај и Програма за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Годишен извештај и Програма за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Новости  |  06.4.2023
Врховниот суд на Република Северна Македонија согласно уставниот поредок и поделбата на власта на законодавна, извршна и судска е највисок суд во Републиката кој обезбедува единствена примена на законите од страна на судовите и е носител на судската власт.

 

 

Врховниот суд извештајната 2022 година ја заврши како ефикасен суд, приливот на предмети е целосно совладан, а заостатокот е намален за 149 предмети. Врховниот суд своите уставни и законски надлежности во извештајната 2022 година ги оствари со намален број на судии и судска администрација. 

Во согласност со Законот на судовите во рамки на својата стварна надлежност Врховниот суд на Република Северна Македонија како највисок суд одлучува во трет и последен степен по жалбите против одлуките на апелационите судови, по вонредни правни лекови против правосилните одлуки на судовите и одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон, за судир на надлежност и определување на месна надлежност, одлучува по барање за повреда на правото на судење во разумен рок, во прв и втор степен, во постапка утврдена со закон пред судовите во Република Северна Македонија, согласно правилата, стандардите и принципите утврдени со Европската конвенција за заштита на човековите права  и применувајќи ја судската практика на Европскиот суд за човекови права, како и во согласност со други работи определени со закон.

Извештајот за работата на Врховниот суд на Република Северна Македонија може да се преземе на следниот линк.

Основна програмска цел на Врховниот суд на Република Северна Македонија е ефикасно, ажурно и транспарентно постапување и одлучување во согласност со уставните и законските надлежности. За остварување на оваа цел, Судот ќе продолжи со остварувањето на своите надлежности во согласност со реформските процеси и позитивните констатации во Извештајот на Европската Унија и Извештајот на Стејт департментот кои се однесуваат на Врховниот суд.

Во оваа насока, Судот ќе продолжи со унапредувањето на судската практика; конзистентноста на одлуките; утврдувањето на начелните ставови, правни мислења и заклучоци; преземањето активности за поголема професионална инклузивност, унапредувањето на транспарентноста; зајакнувањето на статусот на судиите и нивниот интегритет; статусот на судската служба и континуирано постапување во согласност со стратешките документи за реформи во правосудниот сектор и за борбата против корупцијата.

Една од основните програмски цели е и зајакнување на позицијата на Врховниот суд врз основа на уставното начело на поделба на власта  и принципите на владеење на правото, почитување на човековите права и слободи и  независност и отвореност на судството, како едни од клучните фактори за довербата во судството, што воедно претставува една од темелните заложби на Отвореното судство.

Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе продолжи со активностите за продлабочена соработка со сите чинители од правосудниот сектор, а со цел генерално унапредување на состојбата во судството и зајакнување на улогата и положбата на Врховниот суд во согласност со уставните определби.

Програмата за работа на Врховниот суд може да се преземе на следниот линк.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_