Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија оствари работна посета на Апелациониот суд Штип [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија оствари работна посета на Апелациониот суд Штип

Новости, Соопштенија за јавност  |  16.12.2022
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, оствари работна посета на Апелациониот суд Штип.

                 

 

Во рамки на работната посета се дискутираше прашањето за надлежноста на апелационите судови да вршат посети на основните судови од своето апелационо подрачје во согласност со Судскиот деловник и за постапувањето на Апелациониот суд Штип во согласност со оваа надлежност.

Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија ја потенцираше важноста од остварувањето на оваа надлежност и обврска, бидејќи претставува можност за разгледување на прашања кои се однесуваат на тековните проблеми со кои се соочува посетениот суд, како и за други прашања кои се од значење за работата на тој суд.

Исто така, при работната посета се разгледаа и се дискутираа прашањата за унапредувањето на транспарентноста на судството, за зајакнувањето на статусот и положбата на судиите и за финансиската независност на судскиот систем.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_