Соопштение за одржување седница на Одделот на граѓански дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за одржување седница на Одделот на граѓански дела

Новости, Соопштенија за јавност  |  12.5.2023
Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе одржи седница на Одделот за граѓански дела на ден 15.05.2023 година (понеделник), со почеток во 13,00 часот, со следниот предлог на:

 

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

 

1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 21.03.2023 година;

2. Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец февруари и март 2023 година;

3. Расправа по Заклучокот на четирите апелациони судови донесен на работната средба одржана на ден 06.10.2021 година, за воедначување на судската практика за правното прашањето, дали на странката и следуваат трошоци на име надомест за изготвено вештачење во услови кога странката во прилог на тужбата или одговорот на тужба не доствува доказ дека е платено вештачењето туку приложува фактура изготвена од вештото лице;

4. Разгледување на барање поднесено од Душко Чангов од Скопје, доставено до Одделот за судска практика во врска со отстапување од судска пракса;

5. Разгледување на Заклучокот на четирите апелациони судови донесен на работната средба одржана на ден 06-09 јуни 2022 година, за воедначување на судската практика за правното прашањето, дали работникот за да го оствари правото од член 126 од ЗРО на соодветна храна за работа ноќно време или надоместок на трошоци за исхрана во висина од 20% од просечната нето плата по работни исплатен во РСМ во претходната година, сразмерно за деновите кога работникот рботи ноќе, е потребно работникот да работи ноќе барем три часа од својата редовна дневна работна обврска и истиот да одработува ноќе третина од полното работно време од својата годишна работна обврска, или е доволно работникот да работи ноќе барем три часа од својата работна дневна работа, без оглед дали одработува ноќе третина од полното работно време од својата годишна работна обврска ил не;

6. Разгледување на барање поднесено од Даниел Ајтов од Кавадарци, за донесување на правно мислење-сентенца по однос на плаќање на такса за одлука во управна постапка пред Управниот суд;

7. Разно;

 

                                                                                                                 Оддел за граѓански дела

Врховен суд на Република Северна Македонија

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_