Соопштение од одржана седница на Одделот за судење во разумен рок [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана седница на Одделот за судење во разумен рок

Соопштенија за јавност  |  06.4.2023
Врховниот суд на Република Северна Македонија, на ден 03.04.2023 година, одржа седница на Одделот за судење во разумен рок, на која беше предложен и прифатен следниот:

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

 

1. Усвојување на Предлог - Записникот од седницата на Одделот за судење во разумен рок одржана на ден 15.02.2023 година.

2. Разгледување и усвојување на Извештаите за движење на предметите во Одделот за судење во разумен рок за месеците јануари и февруари 2023 година.

3. Донесување на заклучок, кој се однесува на работата на второстепениот Жалбен совет - Реферат по предметот ПСРРЖ.бр.161/2022.

4. Донесување на заклучок кој се однесува за работата на Одделот за судење во разумен рок - Реферат по предметот ПСРРЖ.бр.144/2022

5. Разно.

 

По одржаната расправа:

 

По првата точка од дневниот ред, се усвои Записникот од седницата на Одделот за судење во разумен рок одржана на ден 15.02.2023 година;

По втората точка од дневниот ред, се разгледаа и се усвоија Извештаите за движење на предметите во Одделот за судење во разумен рок за месеците јануари и февруари 2023 година;

По третата точка од дневниот ред, по дискусијата која се отвори по излагањето на рефератот по предметот ПСРРЖ.бр.161/2022, беше донесен Заклучок од интерес за работата на советите во Одделот за судење во разумен рок.

По четвртата точка од дневниот ред, по дискусијата која се отвори по излагањето на рефератот по предметот ПСРРЖ.бр.144/2022, беше донесен Заклучок од интерес за работата на советите во Одделот за судење во разумен рок.

 

                                                                                    Врховен суд на Република Северна Македонија

                                                                                                  Оддел за судење во разумен рок

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_