Соопштение за одржана седница на Одделот за казниви дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за одржана седница на Одделот за казниви дела

Соопштенија за јавност  |  17.2.2022
Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија, одржа седница на 16.02.2022 година (среда) со почеток во 12,00 часот, на која беше предложен и прифатен следниот:

ДНЕВЕН РЕД

1. Усвојување на записникот од седница на Одделот за казниви дела одржана на ден 31.01.2022 година.

По одржаната расправа се усвои записникот од седница на Одделот за казниви дела одржана на ден 31.01.2022 година.

 

2. Разгледување и усвојување на Годишниот извештај на Одделот за казниви дела за 2021 година.

По одржаната расправа се усвои Годишниот извештај на Одделот за казниви дела за 2021 година.

 

3. Усвојување на Правно мислење за екстрадиционен притвор и за застареност за извршување на казната затвор, правно прашање од Апелационен суд Битола.

По одржаната расправа се усвои Правно мислење за екстрадиционен притвор и за застареност за извршување на казната затвор, достапно на WEB страницата на судот.

 

4. Расправа по притворски предмети на Врховниот суд, заведени под Вкж1, за датумот од кога се преиначува решението во куќен притвор.

По одржаната расправа се заклучи да се изработи сентенца по предметот на Врховниот суд Вкж1.бр.7/2022, која дополнително ќе се објави на WEB страницата на судот.

 

Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија, предложениот дневен ред го дополни со следната  точка:

5. Усвојување Програма за работа на Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија за 2022 година.

По одржаната расправа се усвои Програмата за работа на Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија за 2022 година.

           

                                                                                                                Оддел за казниви дела

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_