Соопштение за јавност [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за јавност

Соопштенија за јавност  |  23.9.2020
ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, м-р Фаик Арслани на 22 септември 2020 година, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Анке Холштајн.

На средбата се дискутираше за реформите во правосудниот сектор на Република Северна Македонија со акцент на Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права, како и за положбата на судиите и спроведувањето на Законот за судскиот буџет.

На средбата исто така се разговараше за заложбите на Врховниот суд во содејство со Судскиот совет на РСМ за создавање на услови за целосна независнот на судството, во смисла на целосна финансиска независност и целосна независност на изборот на целокупниот персонал од страна на Судскиот совет.

Во дискусијата, се отвори и прашањето за прочистувањето на судството односно за можните модалитети за најавениот ветинг на судиите, како и за други актуелни прашања што го тангираат судството.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_