Средба на Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија со Амбасадорот на Република Албанија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Средба на Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија со Амбасадорот на Република Албанија
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија го запозна Амбасадорот Река со надлежноста и внатрешната организација на Врховниот суд на Република Северна Македонија. Исто така од страна на Претседателот Адеми беа презентирани предизвиците со кои се соочува Врховниот суд на Република Северна Македонија во остварување на уставните и законските надлежности, како и со заложбите за финансиска и административна самостојност.
Амбасадорот се заблагодари за пријателскиот прием, истакнувајќи го значењето на реализираната посета и можноста да се запознае со работењето на највисокиот суд во Државата.
На крајот на средбата беше искажана заедничка заложба за воспоставување на соработка помеѓу Врховниот суд на Република Северна Македонија и Врховниот Касационен суд на Република Албанија во интерес на продлабочување на пријателските односи на двете држави.