Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Соопштенија за јавност  |  17.10.2022
Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 12.10.2022 година (среда) одржа Општа седница, на која беше предложен и прифатен следниот предлог на:

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

 

1. Измена на Одлука за именување членови на Советот за одлучување по жалба изјавена против Решение на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

2. Давање мислење по Предлог – Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, доставен од Министерство за правда.

3. Расправа по Иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење поднесена од Ѓоко Гажоски, адвокат од Скопје.

4. Давање мислење по Извештај за имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 и Акцискиот план, доставен од Министерство за правда.

5. Расправа по Заклучок на Одделот за судење во разумен рок во врска со изземање на судии во постапка за судење во разумен рок.

6. Расправа по правно прашање:

Дали рокот од 30 дена за поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка, согласно член 83 став 4 од Законот за прекршоците („Службен весник на РСМ“ бр.96 од 17.05.2019 година) е преклузивен рок и како последица има отфрлање на барањето по истекот на тој рок или пак тој рок е само инструктивен рок и е наменет за подносителот за побрзо, поажурно и во разумен рок да ги поднесе прекршочните барања до надлежните органи“. (одложена од 16.06.2022 и од 13.09.2022 година).

 

По одржаната расправа, Општата седница:

 

По првата точка од дневниот ред, донесе Одлука за измена на Одлуката за именување членови на Советот за одлучување по жалба изјавена против Решение на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

По втората точка на дневниот ред, даде позитивно мислење со забелешки за Предлог – Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка.

По третата тока на дневниот ред, донесе Заклучок со кој Иницијативата поднесена од Ѓоко Гажоски, адвокат од Охрид, за утврдување начелно правно мислење, не се усвојува.

По четвртата точка од дневниот ред, донесе Заклучок за формирање работна група за подготовка на мислење за Извештајот за имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 и Акцискиот план.

По петтата точка на дневниот ред, донесе Заклучок за подготовка на Предлог- начелен став.

По шестата точка на дневниот ред, продолжува расправата по правното прашање на следна Општа седница.

 

Врховен суд на Република Северна Македонија

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_