Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Соопштенија за јавност  |  25.2.2022
Врховниот суд на Република Северна Македонија на 24.02.2022 година (четврток) одржа електронска Општа седница преку платформата ZOOM, на која беше предложен и прифатен следниот:

ДНЕВЕН РЕД

1. Расправа и утврдување за дополнување на Начелен став од 28.04.2021 година.

2. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Државно правобранителство на Република Северна Македонија.

3. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од адвокат Ниѓаил Мерџаноски од Струга.

4. Давање мислење по барање на Претседателот на Основен суд Куманово за распоредување на судија од еден во друг оддел.

5. Одлучување по приговор на судија на Апелационен суд Штип, изјавен против Измените и дополнувањата на Годишниот распоред за работа на Судиите во 2022 година, донесени од Претседателот на Апелационен суд Штип.

6. Одлучување по приговор на судија на Апелационен суд Штип, изјавен против Измените и дополнувањата на Годишниот распоред за работа на Судиите во 2022 година, донесени од Претседателот на Апелационен суд Штип.

 

По одржана расправа Општата седница,

По првата точка на дневниот ред утврди дополнување на Начелниот став од 28.04.2021 година.

По втората точка на дневниот ред донесе заклучок со кој се отфрла иницијативата, бидејќи не е поднесена од овластен субјект согласно член 37 став 1 алинеја 1 од Законот за судовите.

По третата точка на дневниот ред донесе заклучок дека не се исполнети законските услови да се утврди начелен став и начелно правно мислење.

По четвртата точка на дневниот ред се даде позитивно мислење за распоредување на судија од еден во друг оддел.

По петтата и шестата точка од дневниот ред донесе решенија со кои ги уважи наведените приговори.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_