Претседателот на Врховниот суд на Меѓународна конференција по повод 110-годишнината од Врховниот суд на Република Албанија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателот на Врховниот суд на Меѓународна конференција по повод 110-годишнината од Врховниот суд на Република Албанија

Новости  |  12.5.2023
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, учествуваше на Меѓународната конференција посветена на судската практика, која се одржа во рамки на одбележувањето на 110 - годишнината од Врховниот суд на Република Албанија.

 

Упатувајќи честитки за јубилејот и изразувајќи благодарност за поканата за учество на настанот, претедателката Адеми на почетокот од своето обраќање нагласи дека ваквите средби и конференции претставуваат значаен придонес во развивањето на соработката и пријателските односи помеѓу судските инстанци и даваат можност да се разговара за значајни теми како што е темата за развојот на судската практика.

     

 

Судската практика заснована на универзалните и суштинските вредности и принципи е особено важна денес за земјите кои поминуваат низ судска реформа, бидејќи правото се развива не само според домашното, туку и според меѓународното право. Универзалните вредности треба да се бранат, тие треба да се зајакнат, а каде ако не преку судските одлуки и создавањето на конзистентна судската пракса како гаранција за принципите на правна сигурност и правна предвидливост. Можеме слободно да кажеме дека Судската практика претставува гарант за промоција на принципот на владеење на правото, воспоставување на силни стандарди кои обезбедуваат заштита на човековите права и основните слободи, пристап до суд, независност, непристрасност, професионалност и интегритет“, истакна Адеми во своето обраќање.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_