Обраќање на претседателот на Врховниот суд на Конференција за извештаите на Коалицијата „Сите за правично судење“ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Обраќање на претседателот на Врховниот суд на Конференција за извештаите на Коалицијата „Сите за правично судење“

Настани, Новости  |  20.12.2022
Претседателот на Врховниот суд, Беса Адеми, учествуваше на Завршната Конференцијата посветена на Извештајот од мониторингот на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители спроведен од страна на Коалицијата „Сите за правично судење“.

      

      

Во своето обраќање Адеми истакна дека на патот кон Европската унија издвоени се повеќе важни прашања кои се високо поставени на реформската агенда.

Сепак, клучните и приоритетни прашања, кои се нагласуваат и во овој Извештај, се прашањата за новата Стратегијата за реформа во правосудниот сектор и за зајакнувањето на довербата на граѓаните во правосудството. Довербата на граѓаните е од круцијално значење за правилното имплементирање на принципот на владеење на правото. Во таа смисла, неопходно е континуирано да се штити интегритетот и независноста на судиите преку доследно почитување на начелото на раздвојување на власта. Јавноста мора да биде уверена во искрената волја за промени и граѓаните мора да бидат охрабрени дека имаат пристап до неутрален и независен суд“, посочи претседателката на Врховниот суд.

Адеми додаде дека само преку заедничката соработка на сите фактори и посебно преку соработката со граѓанските организации може да се исполнат стратешките цели.

Во последниот период се наметнуваат и повеќе прашања на кои мораме сериозно да им се посветиме. Особено важно е прашањето за борбата против корупцијата. Борбата против корупцијата подразбира и борба за правна држава и за стабилен општествен систем во кој се почитуваат слободите и правата на граѓаните“, нагласи претседателката на Врховниот суд.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_