Претседателката на Врховниот суд со обраќање на јавниот настан посветен на Партнерството за отворена власт [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателката на Врховниот суд со обраќање на јавниот настан посветен на Партнерството за отворена власт

Новости, Соопштенија за јавност  |  07.7.2023
Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, денеска се обрати на јавниот настан „Партнерство за отворена власт – Дијалог за Националниот акциски план 2024-2026“.

         

 

Претседателката Адеми во своето обраќање истакна дека Врховниот суд на Република Северна Македонија е првата институција во правосудството која ja прифати Иницијатива за Отворено судство, согледувајќи ја потребата за обезбедување на рамнотежа помеѓу трите власти со цел обезбедување и достапност на информациите до граѓаните во постигнување на ефикасна и ефективна правда.

Адеми во своето обраќање ја нагласи интензивната соработка со граѓанските организации кои се дел од Советот за отворено судство и со кои со заеднички заложби се реализираа планираните активности.

Претседателката на Врховниот суд посебно го истакна големото охрабрување и поддршка на Европската унија за работата на Советот за отворено судство. Адеми ги посочи и утврдените начелни ставови на Врховниот суд кои се засновани на заложбите и целите на Советот за отворено судство и кои се значаен придонес за унапредување на транспарентноста.

Отвореното судство како дел од отвореното партнерство на власт ќе послужи како механизам за подобрување на статусот на судството утврден во Уставот и законите, во обезбедување на услови за целосно почитување на начелото за независност во сите облици, институционална, функционална и финансиска и ќе претставува основа за целосна отвореност на судовите кое е клучно за зголемување на позитивното мислење на граѓаните. Поддршката која како судство ја даваме на концептот на партнерството за Отворена власт е со цел обезбедување ефикасна и ефективна правда, како и механизам кој ќе придонесе да се зголеми отвореноста на судовите и довербата на граѓаните во чија служба е и самото судство“, истакна Адеми.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_