Врховниот суд одржа седница на судии
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Врховниот суд одржа седница на судии
Врховниот суд на Република Северна Македонија одржа седница на судии на која претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, ги информираше судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија во врска со започната кривична постапка против судија на Врховниот суд, преземените активности и соработка со надлежните институции во врска со случајот и решението за времено оддалечување од вршењето на судската функција. На денешната Седница на судии беше истакнато дека едни од основните заложби на Врховниот суд како највисок суд во државата е владеење на правото, независно и ефикасно судство ослободено од било какви влијанија и ефикасна борба против корупцијата во согласност со начелата на кривичната постапка.