Усвоени оценките и заклучоците по извештаите за работата на судовите во Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Усвоени оценките и заклучоците по извештаите за работата на судовите во Република Северна Македонија

Новости  |  29.4.2024
Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 25.04.2024 година одржа Општа седница на која беа усвоени Оценките и заклучоците по извештаите за работењето на судовите во Република Северна Македонија за 2023 година.

 

Податоците од извештаите на судовите за 2023 година покажуваат дека од страна на судиите и судската служба е вложен голем труд, дел од судовите со постоечките персонални, материјални и финансиски услови за работа, успеале да го совладаат приливот на нови предмети, а решавале и од заостатокот, со што ажурно ја завршиле 2023 година, но и дека се зголемува бројот на судови кои не успеале да го совладаат приливот на новопримени предмети.

Судовите 2023 година ја започнале со 108.690 предмети како остаток од претходната година. Во текот на 2023 година, примени се нови 596.826 предмети. Вкупно судовите во работа имале 709.698 предмети. Решени се 578.394, а останале нерешени 130.120 предмети.

Од усвоените оценки и заклучоци по извештаите за работата на судовите во Република Северна Македонија и дадените предлог мерки останува впечатокот дека може да се постигнат подобри резултати со пополнување на упразнетите судиски места со избор на нови судии, со пополнување на упразнетите работни места во судската служба, со подобрување на материјалнатa, финансиската состојба, со континуирана едукација, со подобрување на просторните услови и обновувањето на информатичката опрема.

Согласно Законот за судовите и Деловникот за работата на Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 29.03.2024 година се одржа проширена Општа седница за разгледување на извештаите за работа на судовите во Република Северна Македонија за 2023 година.

Оценките и заклучоците може да се преземат на следниот линк.

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_