Претседателот на Врховниот суд се обрати на Судиската Конференција за непристрасноста и независноста на судството [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателот на Врховниот суд се обрати на Судиската Конференција за непристрасноста и независноста на судството

Новости  |  03.4.2023
Претседателот на Врховниот суд, Беса Адеми, се обрати на Судиска Конференција за непристрасноста и независноста на судството, организирана по повод Денот на правосудството, од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Здружението на судии на Република Северна Македонија.

 

 

Одбележувањето на Денот на правосудството претставува извонредна пригода да го истакнеме значењето на овој Ден како свечен датум кој симболично ги спојува традициите на судството и предизвиците пред кои тоа е исправено. Самостојното судство е историски стремеж, но и предизвик за современо и ефикасно судство кое ќе функционира во согласност со начелото на поделба на власта.Како судии мораме да се спротивставиме на сите влијанија кои имаат за цел да ја нарушат самостојноста. Загрозувањето на независноста на судството е загрозување на темелните вредности на државата. Со тоа се доведува во прашање постоењето на правната држава како услов за егзистирање на демократските вредности“, истакна Адеми во своето обраќање.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_