По повод Денот на правосудството во Врховниот суд се одржа Тркалезна маса за Европската конвенција за човекови права [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

По повод Денот на правосудството во Врховниот суд се одржа Тркалезна маса за Европската конвенција за човекови права

Новости  |  03.4.2023
Во Врховниот суд на Република Северна Македонија по повод Денот на судството, 31 март, се одржа Тркалезна маса на тема „Примената на Европската конвенција за зашита на човековите права – предизвик за судството“.

 

 

На настанoт учествуваа судиите на Врховниот суд, претседателот и членови на Судскиот совет, претседателите на четирите апелациони судови, судии на апелационите судови, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, претставници на граѓанските организации и претставници на дипломатски претставништва во земјата.

Честитајќи го Денот на правосудството, претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, истакна дека примената на европските стандарди во современ контекст претставува предизвик за целото судство.

 

Врховниот суд како највисок суд во државата ја има уставната и законска улога да го поттикнува унапредувањето на судската практика, особено од аспект на примената на стандардите на Европскиот суд за човековите права. Тоа дава голем придонес за независноста, ефективноста и транспарентноста како клучни принципи за владеењето на правото“, нагласи Адеми, додавајќи дека во Врховниот суд и во иднина ќе се одржуваат вакви средби за повеќе актуелни прашања.

Говорниците на Тркалезната маса ја поздравија иницијативата на Врховниот суд да се отвори дискусија за мношне актуелна тема и истакнаа дека ваквите средби овозможуваат да се говори за суштинските прашања во судството.

 

Примената на Европската конвенција за човековите права има исклучително значење за унапредувањето на судската практика, за квалитетот на правдата, за заштитата на човековите права и слободи, за јакнењето на правната култура и едукација и за угледот на судството“, беше заклучено на настанот.

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_