Врховниот суд на Република Северна Македонија ги разгледа извештаите за работата на судовите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Врховниот суд на Република Северна Македонија ги разгледа извештаите за работата на судовите

Соопштенија за јавност  |  29.3.2022
Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска преку онлјан платформата ZOOM одржа проширена Општа седница на која ги разгледа извештаите за работата на судовите во Република Северна Македонија.

На денешната седница беше констатирано дека за извештајната 2021 година, податоците во рефератите по извештаите покажуваат дека судовите во Република Северна Македонија вложиле голем труд со што  повеќето судови со постоечките персонални, материјални и финансиски услови за работа, успеале да го совладат приливот на нови предмети, а решавале и од заостатокот со што ажурно ја завршиле 2021 година.

Судовите 2021 година ја започнале со 98.188 предмети како остаток од претходната година. Во текот на 2021 година примени се нови 524.771 предмети кои заедно со предметите повторно во работа 5.132 и погрешно заведени 269 предмети, вкупно имале 627.837 предмети. Решени се 531.957 предмети, останале нерешени 95.880 предмети, што како крајна позитивна констатација е дека поголемиот број на судови во 2021 година успеале да го совладаат бројот на прилив на предмети и го намалиле заостатокот.

Исто така, на денешната проширена Општа седница беше истакнато дека судовите имаат недостиг на судии и стручен кадар што се одразува на работата на судовите. Во таа насока, беше нагласено дека потребно е итно надминување на таквата состојба.

Во прилог табела за предметното работење на ниво на судови во Република Северна Македонија.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_