Врховниот суд и Коалицијата „Сите за правично судење“ потпишаа Меморандум за соработка [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Врховниот суд и Коалицијата „Сите за правично судење“ потпишаа Меморандум за соработка

Новости  |  06.11.2023
Врховниот суд на Република Северна Македонија и Коалицијата „Сите за правично судење“ денеска потпишаа Меморандум за соработка.

 

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, на денешниот настан истакна дека Врховниот суд и Коалицијата „Сите за правично судење“ имаат заеднички заложби кои се од интерес за граѓаните и за враќањето на довербата во правосудството.

Адеми додаде дека за Врховниот суд соработката со Коалицијата „Сите за правично судење“ има извонредно значење и дека во следниот период взаемната соработка ќе се интензивира преку заеднички активности за унапредување на правосудниот систем.

Меморандумот за соработка ја одразува волјата и подготвеноста на двете страни потписнички да соработуваат во полето на владеење на правото, правната држава, зајакнување на капацитетите на судството, почитување на стандардите за фер и правично судење како и за унапредување на судската независност.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_