Одлука по јавен оглас бр.1/23 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одлука по јавен оглас бр.1/23

Новости  |  18.4.2023

        

ВРХОВЕН СУД

НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

          Су-07.бр. 57/23

       18.04.2023 година

            СКОПЈЕ           

                                   

            Судскиот администратор на Врховниот суд на Република Северна Македонија Соња Груевска, врз основа на чл.36 од Законот за судска служба (Сл. весник бр.43/14) и чл.15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судска служба (Сл. весник бр.198/18) по спроведената постапка по објавениот Јавен оглас бр.1/23, за вработување на судски службеник на неопределено време, за работно место Советник – портпарол, категорија В, ниво В1, 1 - (еден) извршител, по доставениот Предлог на кандидати за вработување од страна на Комисијата за селекција за вработување Су-04.бр.28/23 од 11.04.2023 година и добиената согласност од Министерството за финансии дека се обезбедени финансиски средства за вработување бр.18-3334/2 од 24.02.2023 година, на ден 18.04.2023 година, ја донесе следната:

 

  О  Д  Л  У  К  А

 

            За работно место Судски советник  категорија В, ниво В1, 1 - (еден) извршител  се избира кандидатот:

                 - Милчо Велјаноски                                

            За избраниот кандидат ќе се донесе решение за вработување.

О б р а з л о ж е н и е     

            Од страна на Врховниот суд на Република Северна Македонија во дневните весници „Нова Македонија“ и „Коха“, на ден  06.03.2023, објавен е Јавен оглас бр.1/23 за вработување на неопределено време на судски службеник за работно место Советник - портпарол, категорија В, ниво В1, 1 - (еден) извршител.

            По спроведената постапка за вработување од страна на Комисијата за селекција за вработување, согласно член 35 став 1 од Законот за судска служба и чл.20 од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојноста на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција во зависност од категориите на работните места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници од страна на Комисијата за селекција за вработување до Судскиот администратор доставен е Предлог на кандидат за вработување за работно место Советник – портпарол 1 - (еден) извршител, СУ-04.бр.28/23 од 11.04.2023 година.

            Со означениот Предлог, за работното место Советник - портпарол, категорија В ниво В1 за 1 - (еден) извршител се предлага кандидатот Милчо Велјаноски од Скопје, кој е рангиран како прв на ранг листата со вкупно освoени 82,914 бодови од сите фази на селекцијата.

            Судскиот администратор имајќи го во предвид предлогот на Комисијата за селекција за вработување СУ-04.бр.28/23 од 11.04.2023 година, за работното место Советник - портпарол, категорија В, ниво В1, 1 - (еден) извршител, го избра кандидатот Милчо Велјаноски од Скопје.

            Поради наведеното, согласно член 36 став 1 од Законот за судска служба, следуваше да се одлучи како во изреката на одлуката.

 

                                                                                                                                          Судски администратор

                                                                                                                                                Соња Груевска

 

 

ПPABHA ПOУKA: Против оваа Одлука кандидатот кој не е избран има npaвo на жалба во рок од 8 (осум) дена од денот на доставувањето на одлуката за избор преку Врховниот суд  на Република Северна Македонија до Советот на судска служба.

Д.Н. - Судска управа

        -  Веб страна

        - Кандидатите кои се избрани

        - Кандидати кои не се избрани од ранг листата

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_